Со доаѓањето на НБА суперѕвездите Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Јанис Антетокумпо, Европското првенство ќе биде можеби најсилно во последните неколку децении. Се очекува врвен баскет, одлични натпревари и изненадувања како Македонија 2011.
Македонските репрезентативци Џани Алиоски (Фенербахче) и Иван Тричковски (АЕК Ларнака) денес на ждрепката за групите во Лига Европа се паднаа во иста група, така што ќе гледаме мини-македонско дерби. Во оваа група е и Динамо Киев кој е во лоши односи со навивачите на Фенербахче.
Со три прекрасни гола и една асистенција на првите два натпревари од новата езона, Хвича Кварацхелија направи тифозите на Наполи брзо да најдат нов љубимец со кого ќе сонуваат нова одлична сезона и борба за скудето.
Српската атлетичарка Ивана Вулета (попозната со моминското презиме Шпановиќ) освои златен медал во скок во далечина. Ивана на култниот „Олимписки стадион“ во Минхен скокна 7.06 метри и убедливо стигна до златниот медал и титула европски шампион.
Навивачите на Фенербахче ги провоцираа симпатизерите, фудбалерите и стручниот штаб на украинскиот Динамо Киев во рамки од квалификациите за Лига на шампиони.
Во прв официјален натпревар по почетокот на воениот конфликт во Украина, украинскиот клуб Ворксла одигра сјаен меч во 2. коло од квалификации за УЕФА Лига Конференции. Го победија шведски АИК 2:3 на гостинската „Tele2Arena“ каде номинално Ворксла беше домаќин. Победничкиот погодок на младиот Артем Чељадин беше врв на врвовите.
Војната во Украина моментално е во фаза кој има оружје со поголем домет и кој има повеќе муниција за тоа оружје, и оваа стратегија е крајно неселективна по кој било критериум, важно е само да се лупа. Жртвите, репортажите и поместувањата на фронтот покажуваат дека Русија доминира и по двете основи.
Нема потреба да се навредува Стево. Тој човек не може да биде навреден колку што тој нас нè има навредено. Од името кое им го дадовме на Грците, до презимето (татковото име) кое Стево е подготвен да им го даде на Бугарите. Човекот не е вошка, човекот е Стево.
Деценискиот прв човек на Формула 1, култниот Берни Еклстон при гостување во емисијата Добро утро Британија на ИТВ кај Бен Шепард, изрази голема поддршка за предводникот на Руска Федерација.
Селекцијата на Италија на ЕП 2012 во Полска и Украина, под водство на Чезаре Прандели стигна до финале кое го загуби од моќната Шпанија. Во четвртфинале ја елиминираа Англија, а во полуфинале Германија, благодарение на двата гола на 21 годишниот Супер Марио, кој тогаш играше за Манчестер Сити. На денешен ден пред точно 10 години се случи неговата најпозната прослава.
По соопштението во четвртокот во кое ги истакна финансиските проблеми и долговите од 2,5 милиони евра, кои ги наследил од Самсоненко, првиот човек на Вардар одржа прес конференција за истата тема.
Салата Азовмаш е дом или за жал беше читав дом на седумкратниот украински првак Мариупол, кој е патем и пет пати освојувач на Купот на Украина, како и финалист во Еврокупот во 2007-ма. Само обрачот виси.
Во јуни месец минатата година, срцата на македонските навивачи трепереа на дебитантското ЕП. 21-ви е посебен датум, бидејќи тоа беше крајот на репрезентативната кариера на една од нашите најголеми спортски икони. Замина со остварен сон. Пласман на Европско првенство.