Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
Европската куќа на ракометот по повод 30 години од своето постоење, ја отвори Куќата на славните во која влегоа 60 големи имиња кои оставија голем траг во ракометот. Меѓу нив и нашата најголема легенда.
Гачевски, Серафимов, Вецески, Глишиќ, Мишковски, Николовски, Јусуфи, Десниќ, Јаневски, Размоски, Цветаноски, Јовчев, Величковиќ - Радуловиќ, Дошев, Велковски, Цветков, Митев, Жоглев, Мицевски, Стојилевски, Папули, цел стручен штаб предводен од Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски и се разбира Комити. Тоа е екипата.
По сите маки цела сезона, без плата, ама со страшно силна волја, Вардарци со огромна помош на Комити стигнаа до бараж битката вредна кам бек во првата лига. Противник е тимот на Скопје, а мечот се игра во Кавадарци каде црвено црните ќе имаат голема поддршка. Вардар брка пласман во прва лига после две сезони, а Скопје ќе се обиде да остане во елитата трета сезона по ред.
Најголемата навивачка група на Вардар ја продолжува традицијата и точно на полноќ во населбата Драчево и оваа година го одбележи најголемиот христијански празник со пиротехничко шоу кое не се опишува со зборови.
Лошо почна најголемото македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во кое за среќа немаше повредени, ама и покрај хаосот забележани се фини примери како дел од навивачкиот кодекс, кои не ги прави секој.
Опасно беше синоќа од трибини да се гледа пресметката меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, бидејќи гостите гаѓаа во публика со факели. Се појави видео на кое се гледаат Чкембари кои како ураган влетуваат во својот сектор и веднаш почнуваат да дивејат. За сега нема информации за евентуални повредени.
На дербито од Суперлигата во Јане Сандански немаше игла кај да се фрли, а атмосферата која ја направија Комити потсетува на големите битки кои европскиот првак ги биеше против Кил, Барселона, Кјелце, Веспрем. Црвено црните славеа 31:24, за фешта на играчите и навивачите. Го распослаа и големото знаме.
Дербито од Суперлигата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е во прекин во првото полувреме при резултат 13:10 за домаќините. Кога Чкембари влегоа во сала почнаа да фрлаат факели кон публиката. Комити испровоцирани влетаа на терен и почнаа да им враќаат и да ги гаѓаат со разни предмети.
„Едната е големо трпение и создавање играчи и резултатите ќе бидат неизбежни ако продолжиме вака да работиме. Втората опција е ако сакаме успех, да натурализираме 2-3 квалитетни играчи. Јас сум спремен и на двете опции“.
„Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години“.