
Комити најавија дека целиот приход кој ќе го соберат од мечот против Силекс, ќе го донираат за навивачот на Пелистер кој во пожар остана без својата куќа.
Но и покрај одложувањето на натпреварот поради лошите временски услови, тие сепак издвоија пари и ги донираа, а упатија и апел до сите да се приклучат на акцијата.
Ова е прекрасен гест на Комити, уште повеќе ако се знае дека сами го носат на грб Вардар, кој е во тешка финансиска криза и многу институции, компании и бизнисмени го игнорираат.
За сега нема помош за битолскиот навивач од други навивачки групи, освен се разбира од самите Чкембари кои веднаш се организираа меѓу себе за да помогнат и на мечот против Башкими поставија кутии за донации.