Ејке Шмит е германски историчар на уметност, кој од 2015 е на чело на славната галерија Уфици во Фиренца. По седум години трпение, тој неодамна издал указ до вработените околу едно за него очигледно битно прашање - како треба човек да се обраќа во службена порака.
Почетокот на новиот филм кој се прикажува на Нетфликс, „Пливачките“, воопшто не асоцира на она што ќе следи. Годината е 2011, а местото базен во Дамаск, Сирија. Две сестри, талентирани пливачки, тренираат под будното око на таткото. Едната од нив е одлучна дека ќе се натпреварува за својата земја на Олимпијадата во Рио. Но војната ги пореметува сите планови.
Адриан Муту, лудата глава на романскиот фудбал, во кариерата играше во големи клубови, освои важни трофеи, а остана познат по незгодниот темперамент кој многу го чинеше.
Во Загреб на Кире му велеле дека стилот му е застарен, а Талант од тој негов стил го извлекол максимумот. На играчите им се поставувал само на еден начин, а тоа е како да бидат добри. Приватно бил многу забавен лик, ама во соблекувална знаел да полуди и да крши сè пред себе.
Вообичаено е да се смета дека атентатот на надвојводата Франц Фердинанд во 1914 е настанот којшто ја турнал Европа кон војна и ја одредил судбината на Хабсбурговците. Но што ако една друга смрт, 25 години пред овој настан, е вистинската причина за обете последици?
Колку да нема забуни со насловот, Стефан Козлов е роден на 1 февруари 1998-ма во Скопје. Тој има руски родители, татко му Андреј Козлов е поранешен тенисер кој едно време работел во армија, а подоцна со семејството емигрирал во САД. Козлов-постариот сега е тренер на син му кој направи големо изненадување во Акапулко.
Просто немаше ден од неговата фудбалска и тренерска кариера а да нема некој циркус. Христо е роден за шоу. Секогаш реагира на прва и зборува без влакна на јазик, а уличниот талент и пркос го вивнаа до ѕвездите.