Во контекст на вечерашното нивно соочување, ќе ви раскажеме еден дуел кој се одигра пред 100.000 луѓе на Маракана. Магла, пенали, поништен гол, црвен картон, преигрување, судијата виден со женска и луѓе од Звезда, сага за Гулит, страв за Донадони. Епска сторија.
Комити на својата Фејсбук страна објавија многу јака случка за нивните браќа од Германија за која велат дека заслужува да биде во учебниците. И стварно е така.
Македонскиот репрезентативец Иван Иве Тричковски веќе неколку години е меѓу најдобрите стрелци во фудбалската лига на Кипар. Тричко и синоќа беше прецизен во триумфот на неговиот АЕК Ларнака над Ахнас 3:1. 10-ти гол досега во лигата за некогашниот центарфор на Вардар, Работнички, Клуб Бриж и Легија Варшава.
Да беше некое друго име до сега ќе беше избришано од сеќавањата, но се работи за Вардар и само поради тоа ќе кажеме дека веруваме, велат од најверната навивачка група на Црвено-црните кои со агресивна кампања до сега на играчите им донесоа околу 25.000 евра.
Ракометарите на ПСЖ (7) заедно со ракометарите на Вардар (6) одиграа најмалку натпревари во Лига на шампиони сезонава поради глобалната пандемија. Парижаните искористија една пауза да поиграат и баскет на тренинг, а доминација под обрачите очекувано имаше Криштопанс.
Комити не застануваат со донаторската кампања за спас на Вардар и секој ден испраќаат апели со порака за да се обезбеди иднината на македонскиот спортски бренд. Изработија и емотивно видео за тоа како почна нивната омилена фудбалска приказна која датира од црно белите времиња.
Македонскиот ракометен првак со пораз ја стартуваше Лигата на шампионите во 2021-ва, вкупно трет сезонава. Бадијала беа 15-те интервенции на Борко и 9-те гола на Дибиров. Вардар сам си пресуди.
Ништо не е јасно околу иднината на најтрофејниот македонски клуб кој е на апарати веројатно како никогаш до сега. Вардар е практично во моментов оставен сам на себе, без газди, па навивачите се обидуваат да го одржат во живот барем привремено додека не се најде решение.
„Чувството на таа титула во Келн не може да се плати со ниту едни пари. Тој адреналин, таа група на луѓе родени победници за кои топката е живот. Многу ни беше тешко, имаше моменти кога некој од нас ќе полудеше, но се исклучуваме од сè друго и останавме тука еден за друг“.
Вардар им се врати на победите и ја совлада Војводина со 25:21 во меч од СЕХА лигата. Капитенот Стоилов уште неодморен од Мундијалот во Египет, се истакна со неговата препознатлива шрауба, секогаш атрактивна за око.
„Говорот на нивното тело беше нешто кое не сум го видел. Никогаш не сум го видел Кире таков потиштен, како да се предаде. Мора да направат подлабока анализа по Мундијалот“.
Како тоа Вардар тебе те вреѓа? И како може најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија да е губитник? 11 првенствени титули има и испиша нова фудбалска историја со излезот во Европа. Зарем не заслужува помош? Него да преминеме на клизачов или со други зборови burn на годината.
По големиот број заслужени критики кои стигнаа на сметка на Филип Талески, бекот на Вардар конечно, дури на четвртиот натпревар стигна до првите голови на Мундијалот во Египет. Се ослободи и три пати убаво се крена на шут во првиот дел против Словенија.
По вечерашното соочување против Шведска, македонската ракометна репрезентација за два дена повторно ќе треба да ги одмери силите со незгоден противник, а тоа е домаќинот кој на претходниот Мундијал заврши осми. Имаат заебан голман кој наскоро ќе го гледаме кај нас.
Познат е списокот на репрезентативци кои со чартер лет ќе отпатуваат во Египет и ќе бидат дел од најголемиот ракометен собир на светот, кој од познати причини ќе се игра без публика. Селекторот Брестовац се реши за млади, полетни сили кои треба да бидат иднина на селекцијата.
„Ние Македонците сами си се крадеме. Реагирав кон судијата, дали има очи да види што се случи, а тој ми вели `молчи, оти ќе те истерам`. Мене да ме истера, оти тој не досуди офсајд од четири метри. Косата си ја откорнав од нервози“.