По објавувањето на сторијата за шпанскиот дипломат кој спасил 150 македонски Евреи, дознавме за приказната на Соломон Адизес, еден од преживеаните од таа страшна 1943, кога бугарската војска од железничката станица во Скопје испратила повеќе од 7000 Евреи во логорот Треблинка.
Само што постигна гол во Купот, неколку дена подоцна 17-годишниот Американец Џовани Рејна го прослави и првиот гол во Бундеслига. И тоа на асистенција на најмладиот асистент во историјата на Бундеслигата кој неодамна дојде од Англија и има исто 17 години.
Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.
Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.
Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.
Германската јавност е спремна да му подигне споменик на Дитмар Хоп, милијардерот којшто го одби Доналд Трамп да му го продаде „рецептот“ за вакцина против КОВИД-19. А државата Германија одвои 300 милиони евра за научниците од неговата фирма кои деноноќно работат над вакцина.
Фудбалерите на четвртолигашот Сарбрикен ја творат најубавата сторија сезонава во германскиот фудбал, откако исфрлија уште еден сериозен бундеслигаш и се пласираа во полуфиналето на Купот после 20 изведени пенали!
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.