Само што постигна гол во Купот, неколку дена подоцна 17-годишниот Американец Џовани Рејна го прослави и првиот гол во Бундеслига. И тоа на асистенција на најмладиот асистент во историјата на Бундеслигата кој неодамна дојде од Англија и има исто 17 години.
На пријателска во пресрет на почетокот на новата сезона во Ла Лига, Барселона со 3-1 ја совлада Жирона. Меси даде 2, а Кутињо 1. Сите три гола на Каталонците беа сјајни, а одлична партија пружи и малиот вундеринд Тринкао кој летово ја засили Барса.
Една од најголемите желби во животот му била дедо му да дојде да го гледа на дербито против Реал Мадрид на „Камп Ноу“. Дедо му кој како мал секојдневно го возел на тренинг и назад до дома. Ова е фудбалската приазна на Марк-Андре Тер Штеген.
Во жестока конкуренција, Ханси Флик со убедливо повеќе гласови е избран за најдобар германски тренер на сезоната 2019/2020. А за неговата кариера и живот и после тројната круна со Баерн, не се знае многу.
Фабиан Клос е капитен и права легенда на Арминија Билефелд. Фудбалер кој цела кариера ја мина меѓу втора и трета германска лига, постигнал повеќе од 100 гола а сега е настроен да му ја симне круната на страшниот Роберт Левандовски.
Реал Мадрид синоќа остана единствен клуб во Шпанија којшто ги забележа сите победи по рестартот на сезоната. Против Мајорка го остварија четвртиот триумф за десет дена но главен јунак на мечот беше еден млад фудбалер.
Германската јавност е спремна да му подигне споменик на Дитмар Хоп, милијардерот којшто го одби Доналд Трамп да му го продаде „рецептот“ за вакцина против КОВИД-19. А државата Германија одвои 300 милиони евра за научниците од неговата фирма кои деноноќно работат над вакцина.
Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.
Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Фудбалерите на четвртолигашот Сарбрикен ја творат најубавата сторија сезонава во германскиот фудбал, откако исфрлија уште еден сериозен бундеслигаш и се пласираа во полуфиналето на Купот после 20 изведени пенали!
Во 1/16 финале од шпанскиот Кралски Куп, Барса гостува кај Ибица Елвиса, третолигаш од Сегунда Б дивизија. Новиот тренер Кике Сетиен се реши да играат Де Јонг, Гризман, Ракитиќ, Ленгле па и малиот Фати, ама после 45 минути губат со 1:0. Примија гол во 9' минута од Кабаље.