Ракометниот новајлија одлично му парираше на двократниот европски првак и загуби достојно со 28:25. При еден пад на играта на Алкалоид, Лазаров збесна и откако ги искара фино направија серија од 5:0, а потоа и од 7:1 со што дојдоа и до предност против Вардарци.
Тимот на Алкалоид предводен од селекторот на Македонија, Кире Лазаров загуби од Целје со 28:27, каде тренер е поранешниот член на Вардар Алем Токсиќ. И двајцата тренери добија црвени картони после една вербална војна на зборови со пцуење.
По 9 прекрасни години, полни со историски мигови, шампионски сјај и взаемна љубов со клубот и навивачите, Тимур Дибиров го напушта Вардар. Заминува горд и исполнет, затоа што беше како дома, со 21 трофеј и како трет најдобар стрелец во ЛШ со 1.043 голови. Легенда.
Во Загреб на Кире му велеле дека стилот му е застарен, а Талант од тој негов стил го извлекол максимумот. На играчите им се поставувал само на еден начин, а тоа е како да бидат добри. Приватно бил многу забавен лик, ама во соблекувална знаел да полуди и да крши сè пред себе.
Филозофијата на унгарскиот гигант со кој Кире го одиграл првото полуфинале во ЛШ и почнал да сонува за трофејот, била необична. Место тимски дух, повеќе се ценеле индивидуалноста, па кој имал многу голови, побрзо добивал плата. Во Веспрем ги имале сите привилегии, но не биле свесни за силата Сиудад Реал.
После првите ракометни чекори во Овче Поле, Кире Лазаров уште како тинејџер се соочил со големи предизвици во дресовите на Борец и Пелистер. Во Велес имал голема минутажа, на 15 години почувствувал меч против актуелен европски првак, ама навечер не водел спортски живот. Трансферот во Пелистер бил полн погодок и покрај тоа што на почеток греел клупа и вршел притисок дома, веднаш да му најдат друг клуб.
„Секогаш на победа“ е збирка на лекции како се доаѓа до успех, а Кире во воведниот дел ја раскажува онаа детската, целосно непозната за јавноста. Од уличните тепачки на фудбал, првите ракометни предизвици на влажните асфалти каде се кинеле патики за 20 дена, глупоштиите со другарите, па сè до денот кога бирал меѓу два спорта кои имаат заеднички елементи.
Само еден месец откако соопшти дека ја завршува големата скопска авантура, руското крило сепак ја продолжува верноста кон црвено црните и со тоа ќе ја запише сезоната број 10.
На прес конференцијата после триумфот над Чешка, од македонскиот табор се појавија Столе, Жути и Кире. Селекторот откри зошто играше малку против Чешка, а двократниот европски првак со Вардар, кој се повлекува од репрезентација рече дека 14 години не видел одмор во зима.
Со 12 големи натпреварувања, 232 одиграни натпревари, 1.709 голови, како и прв ракометар во историјата кој станал најдобар стрелец и на ЕП и на СП, Кирил Лазаров ќе стави точка на репрезентативната кариера на Европско првенство во Унгарија и Словачка и ќе започне ново поглавје во репрезентацијата на Македонија.
Вардарци го загубија и вториот меч во низа од Кјелце, ама ЕХФ го величи човекот кој и на 37 години не престанува да прави магии со топка. Уживајте во најновата која не е од оние со вртена, во изведба на најдобриот стрелец на Вардар во ЛШ со 532 гола.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
РК Вардар е бранител на трофејот во СЕХА лига каде вечерва во Задар игра полуфинале против Загреб, а тронот не го даваат ниту на социјалните мрежи каде се највлијателни. Од СЕХА лигата круната му ја доделија на Циндриќ, па Карачиќ, а оваа година на Тимур. Сè вардарци и во оваа конкуренција.
Бундеслигашот Кил ги потсети своите следбеници на Твитер со еден неверојатен момент кој се случи сезонава во групната фаза на мечот против Вардар. Момент кој добро е што може да го видиме од повеќе камери, бидејќи не се сфаќа од прва.