Овации, банери, автограми и сликања од домашни навивачи и играчи. 120 новинарски барања во град со помалку од 200.000 жители, карти на црно до 6.000 евра, реакција од публиката на секое негово додавање. Ремс синоќа беше во транс.
Фразата „талент на генерација“ и „наследник на Меси“ веќе стана потрошена до крајни граници, но еден низок млад дечко со волшебна лева нога до толку ги натерал сите околу него да се вљубат во неговата игра што на 18 години доби понуда која е невозможно да се одбие.
Најчести асоцијации на прослава на гол се оние на Стариџ, Гризман, Мбапе па и салтата на Миро Клосе на времето. Најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси исто имаат свои автентични прослави на голови.
Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.
Се вика Салвадор Апарисио, покоен е, а кога му го направиле интервјуто на тема Лео Меси го совладаа емоции. Плачел кога го гледал на натпревари за Барселона и Аргентина.
На пријателска во пресрет на почетокот на новата сезона во Ла Лига, Барселона со 3-1 ја совлада Жирона. Меси даде 2, а Кутињо 1. Сите три гола на Каталонците беа сјајни, а одлична партија пружи и малиот вундеринд Тринкао кој летово ја засили Барса.
На 17-ти август пред 15 години, во 2005-та, селекторот на Аргентина Хозе Пекерман решава да го викне 18-годишниот Лео Меси во составот за пријателската против Унгарија на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта. И малиот Лео добива шанса да влезе во игра, ама на терен остана само 43 секунди.
На една од бројните гала вечери и доделувања на Златна топка за најдобар играч на светот според ФИФА и Франс Фудбал, Кристијано Роналдо дојден со мајка му и син му. Во еден момент малиот го здогледува својот најголем идол и не му се верува што гледа. Сите стегнати и збунети.
Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.
Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?
Мајка му на малиот Дерах отишла во пошта, а таму ѝ рекле дека има препорачано писмо на име на син ѝ. Жената се збунила и исплашила кој би можел од Англија да му пишува на малиот во Република Ирска. Кога виделе од кој е писмото се шокирале.
Реши Клоп на градскиот ривал во ФА Купот да му излезе со втора екипа. Не играа Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Салах, Фирмино и Мане. Ама затоа играше малиот Куртис Џонсон (18) кој во 71' минута постигна маестрален гол и го испрати Евертон без победа дури и по 21. градско дерби.