Со големо задоволство испорачувавме текстови од светот на спортот, уверени дека со големо задоволство уживавте во нив. Така беше во текот на 2019-та, а еве кои статии беа најчитани, најкоментирани, најсподелувани и предизвикаа најголем интерес.
На крајот од оваа година место да издвоиме што ја одбележа 2019-та на спортски план, решивме да го провериме тоа преку вашиот вкус. Односно што мнозинството кликаше во нашата спортска рубрика. Тоа што го очекувавме излезе на виделина. Доминира европскиот шампион РК Вардар.
Од прославата со трите јубилеи во едно, 20 години Лолај Фанс, 10 години братство со Војдови и 5 години Комити Маџари, кои ги прославија на дербито против Шкендија, Комити извадија ново парче видео. Овој пат во главна улога е млада навивачка на Вардар по име Фросина Пепоска која растури под Запад.
Се следат, се поштуваат и се бодрат едни со други. Пријателството меѓу навивачите на Шалке и Вардар трае 15 години, а германските ултраси овој пат на средбата против Ајнтрахт Франкфурт со голем транспарент им го честитаа 20 годишниот јубилеј на Лојан Фанс.
Во недела од 13:00 часот се игра големото дерби во македонската прва лига меѓу Вардар и Шкендија. Скопскиот тим игра одлична полусезона и им бега на Тетовци 8 бода пред крајот на есенската полусезона. Комитите спремаат прослава на неколку јубилеи.
Денес меѓу навивачите секој си толкува како што му одговара, па така оние на чаирска Слога прославија јубилеј од 30 години од своето основање (веројатно кога првпат го виделе стадионот, затоа што јубилеј се слави кога првпат си започнал со организирано навивање а тоа подразбира сè што подразбира, не грицкање семки).
И покрај многуте проблеми со повредени играчи, Вардар го совлада укранскиот првак Мотор Запорожје со 44:37 и се искачи на првата позиција во групата. СЕХА лига за гол на колото се реши да го издвои овој на капитенот кој двајца не можеа да го сопрат, а третиот не се ни обиде откако сфати кој се пробива.
Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.
Иако оди на тренинзи каде може да ги следи тактиките, но не и тренира поради повреда, сепак капитенот на Вардар е со мислите и со телефонот во Словенија, каде македонската одбојкарска репрезентација синоќа на европско направи голем подвиг против домаќинот. Човекот кој добива огромна поддршка, знае и да ја даде на оние што им е потребна.
Тие му пејат: Столе ти си наша икона, а тој во Европа ги претставува како најдобри навивачи меѓу кои вели дека е и самиот тој. Ете така се претставува своето во интервју, покрај се разбира на паркетот каде крвари за Вардар.
На македонскиот репрезентативец му беа потребни само 15 минути да го отвори резултатот на гостувањето против Ференцварош во квалификациите за ЛШ. Знаеме дека е играч од среден ред, ама кога ќе влезе во шеснаесетник се однесува како Луис Суарез.
Слован Братислава одигра 1:1 против Сутјеска во првото квалификациско коло од Лига на шампионите. Гостите израмнија дури во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со еврогол на Црногорецот Дамир Којашевиќ кој играше за Вардар во сезоната 2016/2017.
2018/2019 не само што е сезона на РК Вардар, туку и на неговите навивачи за чија поддршка се знае и зборува од Скопје до Келн. Случајно налетавме на кусо видео од Јане Сандански кое трае половина минута и кое не врати на 2 јуни. Па како после да не падне секој тим во оваа сала со ваква публика.
На 13. јуни 1993 година под „Тумбе Кафе“ во Битола требаше да се одигра големото дерби меѓу ривалите од Битола и Скопје. Поради нереди на навивачите и влегување на терен, мечот воопшто не се одигра. Кога ќе види човек колку луѓе имало тогаш на стадион, а колку денес, се прашува каде ја утнавме работата.
Станува збор за еврејска љубовна песна која што првпат е изведена во 1955 година од Миријам Авигал. Мелосот станал толку популарен што оваа песна брзо се проширила на многу страни по светот.
Вардаровите песни и еуфоријата од „Ланкес арената“ синоќа се префрлија пред хотелот каде што беа сместени ракометарите на Вардар. Пред автобусот беше г`з преку глава од луѓе, а Столе едвај го додржа пехарот и потоа му го предаде на џинот.
Вардар со златни букви го изгравира своето име во европската клупска историја. Момците кои со месеци играа без финансиска инјекција од клубот, ги нокаутираа гигантите. Браво јунаци, Македонија ве чека!
Капитенот и срцето на Вардар кој синоќа ладнокрво постигна незаборавен гол во финишот, ко дете се пробал во кошарка, ама среќа што не продолжил бидејќи не го бивало, инаку ликот на Вардар без него немаше да биде тој што е денес.
Да не постоеше ќе требаше да го измислиме. Ова е единственото скопско дете во Вардар кое му дава посебен шарм на клубот. Не е он дебел, колку што е заебан кога ќе прими топка на негова територија. Ние си го знаеме и си го сакаме, а другите најдобро знаат да го опишат.
Српскиот репрезентативен голман направи секој навивач на Вардар лесно да го преболи заминувањето на Штербик Велики. Дејан Милосављев синоќа во најважниот меч од сезоната бранеше одлично и беше еден од најзаслужните за новиот Фајнал Фор во Келн. На крајот доби порака од Столе.
По неочекуваното петочно попладневно соопштение на сајтот на РК Вардар во кое се обрати Сергеј Самсоненко дека по крајот на сезонава го напушта клубот, коментар за ситуацијата даде и капитенот.
Трета титула по ред за Вардар во СЕХА лигата и вкупно петта во историјата. Само Игор Карачиќ и Столе Стоилов ги имаат освоено сите пет. Капитенот го постигна најатрактавниот гол во финалето и на цел Фајнлфор. Мајсториште.
Околу 2.000 навивачи на германскиот бундеслигаш допатуваа во Манчестер за реваншот од осминафиналето од Лига на шампиони против Сити на Гвардиола. За време на кортеото до стадионот, навивачите на Шалке скандираа „Гелзенкирхен - Скопје“ во чест на пријателството со навивачите на Вардар.