Еден од највозрасните активни фудбалери во Европа, 40-годишниот напаѓач на Киево, Серџо Пелисие објави дека по крајот на сезоната завршува со фудбалската кариера.
Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.
Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.
И двата последни меча од 30 коло во Серија А завршија со победи на домаќините од 4 гола, ама на Сасуоло му требаше еден час игра за да го стори тоа против Киево, а Аталанта против Болоња даваше голови со брзина како утре да ќе нема повеќе фудбал.
Меѓу илјадници фудбалери кои го носеа дресот на Интер низ годините, еден играч тифозите посебно сакаа и ценеа. Уругваецот кој беше во сенка на Виери, Роналдо и Адриано, а даваше прекрасни голови.
„Топџиите“ рутински со 3-0 го совладаа француски Рен и се пласираа во 1/4 финале на ЛЕ. Виљареал глатко против Зенит, а во Прага и Лисабон се играа продолженија после кои испаднаа Динамо Загреб и Севиља.
Во преостанатите три осминафинални средби од Лига Европа кои се одиграа во вториот термин од 21:00 часот, немаше никакви изненадувања. Челси и Наполи направија капитална предност на првите дуели, а Валенсија победи, но не убедливо.
По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.
Со капитенска лента околу раката, Аријан Адеми го предводеше Динамо во убедливата победа над чешки Плзен и со „модрите“ оди во следна фаза каде одат уште и Арсенал, Виљареал, Наполи, Салцбург, Валенсија, Зенит, Ајнтрахт.
Првата играчка недела на Кшиштоф Понтек во Милан е совршена: минатиот вторник даде два во четвртфинале на Куп на Италија против Наполи, а во неделата гол против Рома на „Олимпико“.
Тимот од Бергамо важи за едно од напријатните изненадувања во Топ5 лигите во Европа во последните пар сезони. Успехот се должи и благодарение на еден симпатичен Данец кој работи од сенка и кој му препишувал диети на Зидан во Јувентус.