Португалецот му даде три гола на Атлетико и не ни претпоставувал дека му помогнал на клубот од кој замина минатото лето, да заработи околу 500.000 евра повеќе.
„Кралскиот клуб“ е убедлвио најтрофеен клуб во ЛШ со 13 пехари. До синоќа цели осум години не испадна пред полуфиналето. Затоа бламажата со Ајакс е суперсензација, иако такви чуда имаше и порано.
Во една од најдобрите вечери во историјата на славниот клуб од Амстердам, Ајакс го понижи Реал и со 1-4 оди во четвртфиналето. Тадиќ со 2 магични асистенции и прекрасен гол заслужено играч на мечот. Кејн го носи Тотнем понатаму.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Секако дека споредбата со глупиот голман не е возможна затоа што Меси е најголема икона во историјата на Барселона, човек на кој му се може сè и башка не е голман па да мора да го менуваат пред пенали, но чисто за потсетување: 2014-та година, Барса - Еибар 3-0, Луис Енрике го вика Лео да излезе, а овој одбива па тренерот што ќе прави, го вади Нејмар.
Додека хулиганите живеат во некој свој глупав филм, на спортските терени приказната е поинаква. Барселона синоќа во ултра интересно финале на шпанскиот кошаркарски Куп го совлада Реал Мадрид. Додека славеа на паркетот, тренерот Светислав Пешиќ и Анте Томиќ си честитаа а Хрватот во шега праша: „Три пати“?
Минатата недела Барселона изгуби 2-0 во првиот меч од четвртфиналето на шпанскиот Куп. Синоќа на „Камп Ноу“ ѕверски ѝ вратија на Севиља со 6:1. Два даде Кутињо, а по гол Ракитиќ, Серџи Роберто, Суарез и Меси. Лео постигна гол после неверојатна контра.
Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.
Денес е тешко да се поверува дека еден цар како Зизу сите потези ги ископирал од еден малку познат латиноамериканец кој на крајот решил да остане романтичар и да не тргне по патот на славата.
Логото на дресовите кои ги носеа Раул, Роберто Карлос, Гути, Фиго и другите легенди остана запаметено со успесите на „кралскиот клуб“.Во ситуација кога интернетот не беше доминантен, ретко кој знаеше нешто повеќе за Тeka, спонзорот на Реал Мадрид.
По поразот од Реал Сосиедад на домашен терен 0:2, Кралевите се разочарани од судијата Мунуера Монтеро и тврдат дека не им свирнал два чисти пенали. Контроверзите ги продолжија со видео кое го објавија на својот клупски канал, на кое тврдат дека истиот судија ги прославувал головите кои Реал ги прими од Еибар (пораз од 3:0 на 24 ноември).