После првите ракометни чекори во Овче Поле, Кире Лазаров уште како тинејџер се соочил со големи предизвици во дресовите на Борец и Пелистер. Во Велес имал голема минутажа, на 15 години почувствувал меч против актуелен европски првак, ама навечер не водел спортски живот. Трансферот во Пелистер бил полн погодок и покрај тоа што на почеток греел клупа и вршел притисок дома, веднаш да му најдат друг клуб.
„Секогаш на победа“ е збирка на лекции како се доаѓа до успех, а Кире во воведниот дел ја раскажува онаа детската, целосно непозната за јавноста. Од уличните тепачки на фудбал, првите ракометни предизвици на влажните асфалти каде се кинеле патики за 20 дена, глупоштиите со другарите, па сè до денот кога бирал меѓу два спорта кои имаат заеднички елементи.
Март 1997 година. На патот до уште една шампионска титула, Булс веќе трет пат во сезоната ја победија Филаделфија Севентисиксерс. Но во печатот и на улиците во САД никој не зборувал за новиот гостински триумф на Чикаго Булс, туку насекаде се зборувало за малиот Ален Ајверсон, првиот пик на НБА драфтот претходната година.
И не само од НБА, туку од сите најголеми спортски првенства во САД, шампионите регуларно почнале да ја посетуваат Белата куќа во ’80-те кога на власт најчесто биле претседатели од Републиканската партија: прво Реган, а потоа и Џорџ Буш.
За разлика од неговите врсници кои за да остават добар впечаток пред девојките, велат дека читаат, најталентираниот италијански стопер вели дека чита за своја душа и дека книгите го формирале како личност.
Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.
Од својата рана возраст, кога имал 14 години па до ден-денес Луис Суарез најголемата поддршка во животот ја имал од својата некогашна девојка а денес сопруга Софија со која поминал неверојатен пат.