Добро познато е дека парите во ракометот се ситнеж во споредба со фудбалот, ама пркнале во споредба со лани. Ако до пред неколку години милион евра беше плафон за годишна плата, сега е скоро два.
Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.
Не постои навивач на Македонија кој не би посакал да му оди на гости на овој човек. Во музејот му влегле од екипата на Зевзекманија, па сè до новинари на Франс Фудбал. Кипре е жива легенда и не веруваме дека на некој друг му е вака по дома.
„Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години“.
Сите оние екс-Ју реликвии за кои од Вардар до Триглав има консензус дека треба да завршат во гаража или во викендица некој лик почнал да ги собира, ги зачистил, ги фотнал убаво и сега ги продава за стотици долари.
Сегашните резултати не го одредуваат статусот на ракометот како спорт во одредени земји. Тоа е Македонија. Единствената земја во екс Ју заедно со БиХ која немала репрезентативен медал и каде репрезентативците се слават како национални хеори, како никаде на друго место.
Ако треба да издвоиме само еден момент од богатата година со спортски успеси во македонскиот спорт, тоа дефинитивно е Ф4 во Келн каде Вардар се круниса со европска титула. Последните 7 секунди од финалето со моќниот ПСЖ се епски и незаборавни и едноставно гаѓаат во срце. Југо од радост посака да легне на паркет со ракометарите.
Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
За најдобар спортист на Македонија во годината што истекува е избран ракометарот Стоилов, а неговиот избор предизвика реакции кај претставниците на индивидуални спортови.
Фудбалско дерби без рефлектори е тапа џонс, било да се работи за Вардар - Пелистер, Киево - Верона, а особено она најгламурозното каде играат Кристијано Роналдо и Лионел Меси пред 650 милиони луѓе.
Легендарната единица во црвено-црниот дрес има одиграно 461 натпревар, 11 за југословенската репрезентација и 5 за младинската, со која во 1968-ма го освојува и државниот куп. Во својата кариера бранел и во Бундес лигата (Шалке 04 и Швенинген), но и за Трепча, Тетекс и Македонија Ѓорче Петров. Добитник е на 13-Ноемврсиката награда, а четири пати бил и најдобар спортист на Македонија. Сè уште е сопственик на домашниот голмански рекорд од 1989 година -1004 минути без примен гол!
Човекот кој дојде тивко, направи ракометна револуција во Македонија и го извади цело Скопје на плоштад на 4 јуни годинава, го доби признанието кое највеќе од сите го заслужуваше. Капа доле мајсторе.
Cashback World е најголемата куповна заедница во светот, која брои повеќе од 8 милиони членови што ги уживаат атрактивните трговски предности во форма на Cashback (враќање пари) и Shopping Points (поени за дополнителни попусти). Секој член на Cashback World добива уникатна и бесплатна Cashback картичка што е едноставна и лесна за користење, а притоа е прифатена во сите трговски сектори низ целиот свет. Револуцијата што Cashback World ја направи во светот со враќање пари при секое купување е достапна и во Македонија.
Фудбалерите на Зенит одиграа само 0:0 на гостување против Ахмат Грозни и останаа на -8 зад лидерот Локомотив Москва во руското првенство. Виновник број 1 што тимот на Роберто Манчини не постигна гол е ова срамно промашување на Александар Кокорин.
Европската куќа на ракометот стокми листа на 30 најдобри голови за 2017-та во Лига на шампиони. Не мора да трошите 5 минути за да ги изгледате сите 30. Мотајте на крај да се потсетите како Лука Циндриќ ја торпедираше Барселона и го однесе Вардар во историското прво финале.
Арсен Венгер сигурно му се насмевнал на ждребот во Лига Европа, бидејќи за противник го доби Остерсунд, тимот со втор најслаб буџет во ЛЕ од 7,25 милиони фунти (Вардар беше трет со 8,96 милиони фунти). Но Швеѓаните направија сензација и заедно со Атлетик Билбао се пласираа понатаму, а Херта и Зорја испаднаа од таа група. Значи не било само до парите и историјата. Погледнете од кога постојат.
Репрезентативецот на Ерменија и еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Тигран Барсегјан се реши за последниот меч на „црвено-црните“ во Европа сезонава да носи интересни копачки.
На мечот од групата на Вардар во Лига Европа синоќа падна еврогол а стрелец беше капитенот на српската репрзентација којшто му даде голчиште на Реал Сосиедад за 1-2. Бекот беше стрелец и на мечот во Скопје меѓу Вардар и Зенит а УЕФА го прогласи и за играч на неделата во Лига Европа.
Фудбалерите на Вардар не успеаа да ја израдуваат скопската публика и да ја издвојат првата победа во историјата на европските натпреварувања. Но барем не ни загубија. Вардар - Розенборг конечни 1:1.
На дваесетина минути од мечот меѓу Вардар и Розенборг се случија најголемите аплаузи и овации, но за фудбалер, туку за едно куче кое се појави на терен и за момент го прекина мечот. Гачевски не успеа да се справи со него, а ниту обезбедувањето, па песот сам си фати џаде и не стави да ја догледаме средбата на камен ладново време.
Падна првиот гол на Вардар на домашен терен во Лига Европа со кој Вардарци уште на стартот од мечот поведоа против Розенборг со 1:0. Вардарци тргнаа отворено на стартот и откако Бобан Николов му ја спушти топката со гради на Итало, Бразилецот ја прифати и го матираше Хансен.
9 годишниот херој кој урива стереотипи и кој стана сензација дури и меѓу светски познати фудбалски ѕвезди е специјален гостин на натпреварот меѓу Вардар и Розенборг во Лига Европа.