Ниту светот на фудбалот не е имун на вториот (или веќе трет) бран на вирусната пандемија. Речиси и да нема клуб чии репрезентативци ќе се вратат позитивни од собирите со националните селекции.
Од вкупно 4 натпревари на кои се решаваа конечните патници на ЕВРО2021, на 3 меча имаше голема драма. Познати се сите учесници на континенталниот собир следното лето.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.
Заедничката историјата меѓу Германија и Русија е обострана привлечност и одбивност, страв и прифаќање, конфликти и хармонија, и ова денес само ги комплицира работите, пишува Даниел Тост во текстот за Ханделсбалт глобал.
Во ситуација кога работат дигитроните и се пресметува колку ќе се наполни касата на Вардар по успешниот скок во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите, малкумина размислуваат за евентуалните казни поради сериозните пропусти во организацијата на мечот во Струмица.
Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.
Во случај вечерва Бешикташ да го мине Олимпијакос (1:1) и Ајакс Копенхаген (1:2), УЕФА ја разгледува можноста да спречи евентуална средба на турскиот и холандскиот тим во четвртфиналето.