Доаѓањето на нов претседател на САД, значи и промена за чие објаснување ќе треба да се решат три мистерии, затоа што постојат три верзии на Трамп, пишува професорот од Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс.
Откако разузнавачките служби испорачаа материјали според кои спроведена е тајна руска операција чија цел е да Трамп да биде избран за претседател на САД, сега има сомнеж дека американските власти имаат капацитет да спроведат независна истрага околу наодите.
Американскиот проблем со здравството е што неколку децении имаат "ескалација на трошоците без споредливо подобрување во квалитетот." Неодамнешно решение што американските власти го смислија за проблемот е воведување на "плаќање според резултати", и во пракса значи дека докторите добиваат бонуси за одреден "квалитет во стандардите за грижа."
16 држави низ светот и половина од американските сојузни држави го дозволуваат користењето на марихуаната во медицински цели. Сепак од стотици наводни медицински придобивки, само за три постојат конкретни научни докази.
Иако видоа дека Македонија веќе смисли субвенции за све живо и диво, германската партија на зелените сепак најде тема која ние сè уште ја немаме покриено - државата да плаќа за секс со проститутки. Е, тоа е клиентелизам.
Консензусот е дека вештачките засладувачи (аспартам, стевиа...) не помагаат да ослабете или да останете фит, борбата се води околу тоа дали тие се еднакво лоши или дури и полоши од обичниот шеќер.
Откако ние паметните надмено ги баталивме бајачките и бабините деветини и нашите тела и здравје комплетно им ги доверивме на науката, официјалната медицина допрва открила нов орган во човчекото тело. А тоа значи нова серија болести.
Она што ние го водиме како "после Нова година не пијам" (па виртуозно го одлагаме во етапи после Бадник, Стара Нова, Св. Јован, Св. Трифун), Американците го имаат професионализирано на ниво на предизвик наречен - Сув јануари. И тоа не чини.
Инспириран од тоа во што сè веруваат луѓе, од Пицагејт до "Трамп нуди бесплатни авионски карти во еден правец до Африка и Мексико за сите што сакаат да ја напуштат Америка", новинарот на магазинот Политико, Сајмон ван Зилен-Вуд, отвора Твитер сметка на туѓо име и се става на 2-неделна диета на лажни вести.