Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.
Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.
Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?
Наводно вистинската приказна за сопственик на хотел, кој водел детални белешки за она што го гледал низ отворите на собите, предизвика скандал во САД. Но дури и да не е документарна, таа е вознемирувачка. Затоа што го буди воајерот во секој од нас.
Рич Коен, кој пишува за Венити Фер и за Ролинг Стоун, заедно со Скорсезе, Џегер и Теренс Винтер е ко-автор на серијата „Винил". Неговата најнова книга која излезе вчера, 10. мај, „Сонцето, месечината и Ролинг Стоунс", е опишана како наративна историја на бендот со чии членови тој се дружел од средината на 1990-тите.