На оваа приказна ми текна кога си помислив како ли се чувствуваат сите оние ѓоа мудри глави што парадираа со ЗА прилепено на нивните профилни слики и ревери, кои нѐ убедуваа дека од историја и име не се живее, кои ги етикетираа сите неистомисленици како небањати сељаци, пропагирајќи го виткањето кичма како врвна кама-сутра поза што нуди безгранична сексуална сатисфакција...
Јас лично се чувствувам ограбена, изневерена, манипулирана од овој "стабилен" систем, а макотрпно штедените пари во текот на 25 години, пропаднаа во тој "стабилен" систем. Систем за кој континуирано бевме убедувани од страна на НБРМ дека функцонира и дека тие - НБРМ работат во и за наш интерес, за интересот на граѓаните од чии пари живеат. Ние граѓаните испаднавме жртви само затоа што верувавме. Верувавме и затоа што во Еуростандард Банка штедеше и првиот човек на МФ - самата министерка за финансии.
„Тајниот“ спонзор кој даде средства за настапот на Дино Мерлин сме ние граѓаните. Или што би рекол Кочо Рацин: „Копај си црни гробови за туѓи бели дворови!“
Сè што треба да знаете за светот беше кажано во Штип! Беше кажано, ама, не доаѓате! „Изгледа на Фејсбук подобро ни оди отколку вака“, резигнирано ќе каже организаторот на јавната трибина гледајќи колку (николку) луѓе имаат дојдено на овој храбар почеток на ширењето на вистината. Сослушавме, фаќавме стенограми и на крај можеме само да им порачаме на Сатанистите - стварно сте бре говна, како можете така?!?
Познатиот бренд за дехидрирана храна LINO на компанијата Подравка, a како дел од кампањата за промоција на новите производи Čokolino FIT и Čokolino Plus White за првпат соработува со мегапопуларната ракометна ѕвезда Игор Карачиќ.
Јас, Јане, жител на општина Гази Баба, од населбата Ченто, имам едно прашање првенствено до нашиот градоначалник, а индиректно и до градоначалникот на град Скопје поврзано со патната инфраструктура во мојата општина. Прашањето е: Доколку планирате повторно да се кандидирате за градоначалник, врз основа на што ќе го побарате мојот глас како жител на населбата Ченто?
Август, 1981, Скопје, главниот град на Социјалистичка Република Македонија. Да ви ја доловиме медиумската тежина на тој настан: Замислете денес Ријана се вљубува во некое младо момче од Припор кој мести гипс картони и онда младите решаваат тоа да го крунисаат во наше матично, наш Континентал... Хаос? Хаос, нормално. Како за оваа 'свадба на деценијата' (денеска знаеме: и 'на векот', јер од Ријана абер нема) известуваа тогашните југословенски медиуми?
А истите години ги имаме, од крв и месо сме и ние, исто способни сме, исто паметни сме. Каде да одиме ние на фудбал? На Вардар-Царев Двор или на Силекс-Влазрими? Каде што и играчине идат со сила пошо јебига се заебале па потпишале договори? Каде да шетаме ние? До Маврово/Охрид ако отидеме па тоа се церемонии, планирања, кратења од други месеци...
На иницијатива на група хумани граѓани, денес Центарот за ортотика и протетика Славеј му подари спортска инвалидска количка на Александар Велески кој боледува од церебрална парализа. Истата му е неопходна за задоволување на основните потреби како и за подготовките за параолимписките квалификациони натпревари кои ќе се одржуваат во Охрид во текот на месец мај.