И покрај сите тешкотии со кои се соочува, Александар го следи својот сон и секојдневно напорно се подготвува. Заедно со семејството, негова огромна поддршка е и кучето Бен кое го придружува во секојднените тренинзи покрај кејот на Вардар, па кога Александар ќе се умори, Бен е тој што ја влече количката.
Александар досега немаше можност за нова количка, но солидарноста на неговите сограѓани и хуманоста на Славеј се покажа на дело. Затоа два дена по иницијативата Александар има можност да продолжи со остварувањето на својот сон – да стане дел од Македонскиот тим на параолимписките игри.
Семејството изрази огромна благодарност до сите кои ја споделија и поддржаа оваа иницијатива особено до Центарот за ортотика и протетика Славеј кој веќе години наназад го подржува Александар во борбата за нормално функционирање и живеење.
(комерцијален текст)