иам 28 и никакви изгледи за иднината
затоа
ЕБЕ. ТЕ. СЕ.
и вратете ми ги годините
-a.golejska
Четврток 00:10 часот поминувајне, седиме со другар на клупа у маало и муабетиме.
За фудбалот вчера, денес, "твоја Барса да не знаеш што напраи у вторникот, не глеав?" -му се смеам, „а,твој Интер кога играше, ни ја не глеав?"-ми враќа.
Стандард муабети, пецкања и сл. и сакале-нејќеле доаѓа муабет и за (не)ситуацијава у (не)државава. Кој е крив, кој го притиснал Хорхе, кој игра у позадина, што е играта у позадина...па ја ова читав, ја од другар на другар што тетка му е у МВР ова разбрав, на нет глеав клип дека Русите се, не Американците биле има цел документарец...
И така губејќи се по теориите на заговори, пресековме, доста беше за денес. Одрани у грла од протестиве, ќе бегаме по дома, ама утре да го допраиме муабетов пошо уште минимум две средби и ја решивме работава.
Е сеа, кај е проблемот?
У исто време додека ние се натегаме дека ВМРО се простаци што протестираат пред СДСМ за аболиција која ја потпишува (де факто нивниот) претседател, дека СДСМ се простаци што чекаа да дојде до ова за да превземат конкретни мерки и дека 5г. ги нема нигде ни со програма ни со бутур (барем дел од незадоволните а неодредени да придобиеја), додека дебатираме дали сите ние како народ сме простаци што дозволивме работава да дојде до ова дереџе, во Минхен, Милано, па и во некоја вукојебина во јужна Франција, исто така двајца млади седат на некоја клупа и разговараат. Разговараат дали викендов да идат на утакмица или да прошетаат некаде, се нервираат зошто директорот им ветил исплата на платата (од 4-5000евра) до денес, ама изглеа утре ќе им ја пушти, се частат дека едниот го примиле со стипендија за мастер у Лондон...
А истите години ги имаме, од крв и месо сме и ние, исто способни сме, исто паметни сме. Каде да одиме ние на фудбал? На Вардар-Царев Двор или на Силекс-Влазрими? Каде што и играчине идат со сила пошо јебига се заебале па потпишале договори? Каде да шетаме ние? До Маврово/Охрид ако отидеме па тоа се церемонии, планирања, кратења од други месеци...
За која плата да се нервираме? За таа неисплатената од минатиот jуни или од jули?
Ќе ни отиде животов у нервози, проблеми и политики. Додека некој друг ужива во годините, младоста, енергијата.
Последниве година-две ни поминаа у протести, у стравови дека ќе те искршат по улици неизживеани џандари кои стојат со хермелини и водени топови покрај луѓе со свирчиња у раце еј. Со ебани свирчиња.
Што да очекуваат утре од ваква младина порасната у војни, тензии, немири и протести? Од кого да учиме етика, морал, чест, достоинство...?
Македонија се плашам дека ќе биде се бетер и бетер...
Ова го викам одамна а ќе го кажам и сеа, додека амебиве полтронски од времето на социјализмот не отстапат нема да идеме напред. Научени на крадење, дрпање, газење...приватизации, денационализации, голи отоци...Навикнати на зимај само за себе.
Само додека да отстапат, нека не ми ја заебуваат генерацијата. Зошто во мојата генерација има поштени млади и спремни луѓе кои знаат што е убаво. Виделе и Данска и Шведска и Америка и Русија и пичке матерне. Верувам дека знаат како треба а како не треба. Покренувале хуманитарни акции, помагале и кога не било тоа побарано од нив. Кревале глава наместо да ја наведнуваат.
И затоа, ЕБЕ.ТЕ.СЕ и не ми ја заебувајте генерацијата-барем таа што остана тука.
Мартин,
генерација '89