Се надевам, Перо, дека сте здрави и весели, ми пишува неодамна еден читател на XXZ не знаејќи дека не можам искрено да му одговорам бидејќи ми дијагностицираа рак на белите дробови, а ми се чини дека поради тоа баш и не сум највесел.
Во година во која освен „Џокер“ ниту еден друг филм (до сега) не отскокна по својот квалитет и успехот на кино-благајните, јужно-корејската бизарна сатира на класното општество делува како освежување. Со оглед на тоа што тој веќе ја доби „Златната палма“ во Кан, следен чекор би можел да биде и Оскар.
И покрај критиките кои доаѓаат од сите страни заради неговите расистички и сексистички коментари, Фестивалот вчера, 20.5 сепак му ја додели наградата на 83-годишниот Делон за неговата шеесетгодишна кариера.
Еден од фаворитите за Оскарот од неанглиско говорно подрачје за оваа година е филмот на Хироказу Коре-еда, кој ја доби и Златната палма во Кан. Иако и критиката и публиката е едногласна во пофалбите на приказната за сиромашно семејство кое посвојува девојче, јапонските политичари повеќе би сакале тој никогаш да не бил снимен.
По успешното прво издание од минатата година, Фестивалот на студентски етнолошки филмови во сабота 12.11 повторно е во Кинотека, каде ќе се прикажат петнаесет одлични студентски филмови
На 4.07, на 76 годишна возраст почина Абас Кјаростами, славниот ирански режисер, фотограф и поет, автор на над четириесет филмови. Најпознатиот од нив е токму овој, награден со Златна палма во Кан.
Над 110 ресторани и кафулиња во Скопје редовно ја собираат својата, пред се стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак, кои потоа се рециклираат, наместо да завршат на депонија.
Што е толку важно дали нешто што расте од земја е категоризирано како дрво или како „обично" растение? Епа важно е, и тоа не само ботанички, туку и политички.