Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.
Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.
Супер дербито од 8. коло во групата Б, Вардар - Барселона се игра во недела од 17:45 часот, а Црвено-црните веруваат дека полната сала ќе биде играч повеќе за тимот кој несреќно загуби во Каталонија.
Во сабота од 17:30 часот во дербито на Лигата на шампионите ќе играат лидерот во групата Б и лидерот во германската Бундеслига, Вардар и Рајн-Некар. Горбок четири години играше за германскиот состав и најдобро ги познава.
Ракометарите на Вардар на југот од Шведска го совладаа Кристијанштад 30:25 (15-13) и се искачија на првата позиција на табелата во групата Б. Дибиров и Карачиќ се повредија, следен ривал е Рајн-Некар во Скопје.
По одличното отворање на европската сезона, ракометарите на Вардар во недела во второто коло од групата Б во Лигата на шампионите го пречекуваат унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед кој во првото коло го изненади полскиот Кјелце.
Кога тренерот на Работнички пред турската јавноста изјавил дека имаат буџет од 350.000 евра, новинарите го прашале дали е тоа месечен или неделен. Ангеловски не се смета за суеверен човек, но пред мечот против Трабзон добил ластиче од ќерка му за да му носи среќа.
Ракометарите на Вардар во сабота од 20:15 го играат реваншот со Висла Плок, на кој ќе мора да бркаат негатива од шест голови. Раул Гонзалес вели дека неделава малку зборувале, а многу работеле на исправување на грешките.
За разлика од Вардар, Монпеље во сабота мора да оди на победа доколку сака пласман во следната рунда. Французите ќе играат без нивниот најдобар играч, Матеј Грабер кој е повреден. Гонзалес го почитува, но не се плаши од Монпеље.