Ако не знаете што се случува со женскиот мак баскет, тогаш како за почеток запознајте се со стандардите и правилата кои ги негува ЖКК Патриот од Делчево. Па добро имаат ли акал овие?
Иако ја доби улогата носител во посилната половина од групите, ждрепката му донесе многу тешка група на Вардар, а Металург ќе може полесно да дише затоа што игра со ривали кои не се баш непобедливи.
За УЕФА нема зима. Фондот за ЛШ и ЛЕ изгледа како секоја година да им расте. Следната сезона ќе поделат дури 900 милиони евра повеќе од лани. Ќе тријат раце и четири македонски екипи, кои како и да изиграат летово ќе искешираат добра пара како за нив.
Кај ни е фудбалот ѓон и нема живо пиле на стадион, епа сега стварно нема да припари ниту пиле. На вчерашниот прволигашки меч меѓу Вардар и Скопје на редарите им се отвори скроз неочекувана и опасна работа. Бркаа змија на влезот на северна трибина и тоа бајаги голема. Лани Манчестер и Реал ги пречекавме на змијарников.
Словенецот Миха Зарабец им правеше најмногу проблеми на ракометарите на Вардари синоќа на реванш мечот од Лигата на шампионите. Мал, непредвидлив и како шило Зарабец наоѓаше простор додека горостасиот Летонец Криштопанс не кажа: "Hold my beer“.
Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!
Пелистер и Вардар одиграа меч за заборав и тоа е далеку од големо дерби како што беше порано. Досадата од фудбал која заврши 0:0 на крајот ја разби еден навивач кој го доби дуелот еден на два.
Во 2003-та година Вардар се сретна со Рома во рамките на Купот на УЕФА. Одиграа две средби. После првата на враќање од Рим некој ги ограбил фудбалерите на Вардар. Веројатно на аеродром.
Кога еден клуб е закован за дното, бележи слаби резултати, се бори за опстанок и на крај дури испаѓа од лига, навивачите со право бараат оставки од управата, бараат играчите да си одат, а претходно да ги соблечат дресовите зошто не се достојни да ги носат.
На 24. јули 2004 година во натпревар од Интертото купот играа Вардар и Шалке 04. Пред мечот група навивачи на Вардар се спријателија со гостите од Германија и веќе 11 години трае нивното пријателство. Комити секоја година одат на неколку натпревари на Шалке, а имаат и што да видат во Гелзенкирхен.
Арсенал и Тотенхем не одат заедно, исто како Лацио и Рома, Реал и Атлетико, Ѕвезда и Партизан, Милан и Интер. Така што овој навивач ќе треба многу да се објаснува ако наиде на група навивачи на Арсенал или Тотенхем.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!