Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.
Да видиш фудбалер висок „метро и жилет“ како се бори со крупните стопери делува комично. Но на Маурицио Сари и Дрис Мертенс ама баш ич не им делуваше комично, напротив направија експеримент од кој произлезе најдобрата лажна деветка која некогаш играла во Серија А.
Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.
Според истражувањето на IEG, компанија специјализирана за спонзорства, најсилната кошаркарска лига во светот за една година остварила приходи од 5,7% со вкупна сума од 679 милиони долари.
Имаме тазе топ 10 листа со најбогати фудбалери на планетата на која прв е Кристијано Роналдо со 2 милиони евра повеќе кеш од Меси. Но да ги ѕирнеме и оние кои легачат и уживаат во парите, а кои според Форбс се најбогати за 2013 година.