Бизнис светот неделата ја почна со информацијата дека Волмарт го купува конкурентот на Амазон, Џет (jet.com), за над 3 милијарди долари. Тука некаде и кулминира приказната за 29-годишниот Ерик Мартин, кој од понеделникот стана милионер.
Не сме баш сигурни околу споредбата со GoT, но во книгата на Хусеин дефинитивно има некакви племиња и некакви политички интриги. За останатото, ќе мора да се прочита.
Деновиве ќе полнеше 58 години а нам уште не ни проаѓа неверитисот дека си отиде. Не е лош тој ескапизам, по цел ден да слушаш Принц и Боуви и да гледаш стари бокс мечеви со Мухамед Али. До даљнег, на мртвите светот останува.
Суетни и елоквентни какви што обично се, познатите писатели знаеле да напишат отровни писма до нивни колеги, критикувајќи ги за сè и сешто. Кога пак нивните читатели доволно се описмениле, и тие почнале да им испраќаат пофални, но понекогаш и гневни писма на домашна адреса. Денес сè е на ачик.
Го имавме Двејн Џонсон и неговата исхрана (тука), па го имавме обичниот смртник што проба да се храни како Двејн Џонсон (тука). Сега, на барање на публиката (неговата), Хафтор Бјорнсон на Фејсбук ја објави својата дневна исхрана.
Мирослав Илиќ веројатно би му рекол дека му е слаб трилерот, Босанац остромно би приметил дека кандидатот не е од Живинице, Карлеуша би му плеснала дека никогаш од него нема ѕвезда да бидне дур така просто се облекува, а Цеца стручно би заклучила дека сепак дечкото е добар "у доњим лагама".
1973 година, 45-то доделување на Оскари. Презентери се Лив Улман и Роџер Мур, обајцата светнати ко гувернер Богов. Главен јунак на ова видео е Марлон Брандо кој добива награда за најдобра машка улога за ролјата во филмот Кум. Марлон Брандо го нема во ова видео.
На конференција на Форбс (Global CEO Conference) во Бали, пред 400-те најмоќни луѓе на светот, меѓу кои и 50 азиски милијардери, поранешниот ЦЕО на Епл, Џон Скали, раскажа како Стив Џобс добил отказ од компанијата што ја создал.
Од брендот, стадионските концерти и мегатурнеите, кај Ролинг Стоунс сè е големо со гигантски размери. Освен кога ќе решат да се загреат на клубска сцена и пред само пар стотина луѓе да ги спраштат своите најдобри песни. Е па, синоќа, во Л.А.
Мислам дека таков замав земаа порталите, колумнистите, медиумите, изборите и све што деновиве не тера да превртуваме очи. што мене не ми остана ништо за пишување.
Познатите фаци ги користат социјалните мрежи за да бидат во постојан контакт со своите фанови, но некои стануваат жртви на т.н. „тролови". Последна таква жртва на интернетот е Герет Бејл кој беше добро истролан од навивачите на Арсенал.
Не е работата во тоа само дека Еберт целиот живот го живееше со филмови, или само дека се разбираше во филмови, туку главниот шмек го даваше начинот на изразување што тој го имаше. Ова посебно беше воочливо кога некој филм немаше да му се допадне.