1. Armageddon. Една ѕвезда. Ок, да речеме дека успеваш да уништиш астероид со големина на Тексас. Ама што ако ти остане едно парче со големина на Далас? Нема ли тоа да биде доволно големо за да ја уништи Земјата? Да се разбереме, дури и ако има летачки објект со големина на Вол-Март, заедно сосе паркингот, тој ќе биде доволно голем за тотално да не уништи.
2. The Brown Bunny. Нула ѕвезди. Еднаш ми правеа колоноскопија, и ме оставија да гледам телевизија. Е, и тоа беше поинтересно од The Brown Bunny.
Кога Винсент Гало, режисерот на филмот, одговори ругајќи го Еберт за неговата тежината, Еберт порача "Точно е дека сум дебел, ама еден ден ќе бидам слаб, а ти уште ќе бидеш режисер на The Brown Bunny."
3. Jason X. Половина ѕвезда. "Ова е лошо на повеќе нивоа," дијалог од Jason X, ретко кога филм толку искрено се опишува себе си. "Jason X" е лош на ниво на раскажување на приказната, на развој на ликовите, на напнатост, специјални ефекти, оригиналност, уредност и следење на мислата.
4. Mad Dog Time. Нула ѕвезди. Ова е првиот филм што сум го гледал, кој не ја подобрува глетката на празен екран. Ок, и претходно сум гледал лоши филмови. Ама тие обично ме тераат да се замислам за тоа колку се лоши. Гледањето на Mad Dog Time е како да чекаш автобус во град во кој што не си сигурен дека имаат автобуска линија.
5. The Usual Suspects. Една и пол ѕвезда. Повторно, моето разбирање почна да опаѓа и конечно напишав: "До степенот до кој разбирам, не ми е гајле." Она што беше олеснително е што на крајот од филмот открив дека после се, разбрав се што требаше да разберам. Работата е што има помалку да се разбере, отколку што филмот наговестува на почетокот.
6. Deuce Bigalow: European Gigolo. Нула ѕвезди. Deuce Bigalow е агресивно лош, како да сака да предизвика страдање кај публиката. Најдобрата работа е што трае само 75 минути. Зборувајќи во мојата официјална улога како добитник на Пулицерова награда, господине Шнајдер твојот филм е тиња.
7. North. Нула ѕвезди. Го мразев филмот. Го мразев, мразев, мразев, мразев, мразев, мразев, филмов. Го мразев. Го мразев секој момент од него. Го мразев чувството дека на сите ќе им се допадне. Ја мразев наметнатата навреда за публиката од неговото верување дека на секој ќе му се допадне филмот.
8. Spice World. Половина ѕвезда. Очигледно Spice World е замислен како копија на A Hard Day's Night, со кој Битлси влегоа во филмовите. Огромната разлика е што Битлси беа талентирани - додека, да бидеме искрени, Спајс Грлс можат да бидат заменети со кои било други пет жени од светот под 30 години, кои чекаат ред во Данкин Донатс.
9. Good Luck Chuck. Една ѕвезда. Има еден збор за филмов, а тој збор е: бљак.
10. Freddy Got Fingered. Нула ѕвезди. Овој филм не е на дното. Овој филм не е дното. Овој филм не е под дното. Овој филм не ни заслужува да биде споменат во иста реченица со дно.