Стереотипно, писателите сакаат да си пијат, ама па не бива и да не поткаснат. Освен што рецептиве им звучат доста вкусно, интересно е да се читаат и како парчиња литература. На крај од нив ни фали едно „мх-мх, како ни испадна..“.
Журавочка е некој вид планинско летувалиште во кое што едно евро не е вложено отакако го направил другарот Хрушчов. Вратата од собата години не е лакирана и шири реа, шољата од клозететот прави вирче со вода одоколу, кадата е нечиста... Еден член на македонската екипа ме информира дека бетер е само во Бунец во Маврово.
Во пресрет на нашиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме една фина збирка есеи кои ги комбинираат автобиографските спомени и гастрономските доживувања. Лојзе Визер (1954) е писател, преведувач и издавач, корушки Словенец кој живее во Клагенфурт, Австрија.
На барање на верните читатели на Букбокс, кои почнаа да прашуваат „кога пак?" веднаш по завршувањето на минатогодишната акција, еве го повторно Фестивалот на јадење книги. Местото останува исто, а иста останува и задачата:
Историскиот архив на Белград објавува серија книги „Да се живее во Белград", кои содржат оригинална граѓа од фондот на Управата на градот. Воодушевени од содржината на документите кои се однесуваат на 19. век, ви пренесуваме само дел нив.