Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ги мина воведните два меча од квалификациите за ЕП 2020. Оваа селекција заедно со селекторот и стручниот штаб знае како да се мотивира и на тренинг и пред и после натпревар. Гестови кои ја одржуваат репрезентацијата во живот.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Селекторот на македонскиот национален тим, Чедомир Јаневски го објави списокот на комбинираната репрезентација која ќе одигра пријателски натпревар со Полска на 14 декември во Анталија. На списокот се наоѓаат фудбалери од домашното првенство и двајца интернационалци.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски го објави списокот за претстојниот пријателски натпревар против Словенија. На него ги нема Пандев, Новески и недисциплинираните Попов и Ристиќ, а нови имиња се Блажевски, Цикарски и Јаховиќ.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе им се спротистават на Хрватска и Србија во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил.
По две неуспешни кандидатури, Чедомир Јаневски е 11-от селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој ќе ја има тешката задача да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство во 2014-та и да го подобри угледот по мизерниот пласман на ФИФА ранг листата.
Раководството на ФФМ се промени, започна нова сезона во македонските лиги, а старите проблеми останаа, па дури и се зголемија. Македонскиот фудбал е медиумски најслабо покриен во цела Европа, а скоро сите медиуми своите извештаи ги пишуваат само на информации од livescore.
За претстојните пријателски натпревари против Португалија и Ангола, селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак повика шест фудбалери од младинската репрезентација, како и најдобриот стрелец од македонската Прва лига.
Фудбал во Македонија нема да се игра во следниот период. ФФМ по сугестија на МВР реши да ги одложи фудбалските натпревари од македонската Прва и Втора фудбалска лига на неодредено време додека не се создадат подобри услови.