Ќе си речете, тркало, пих, проста работа. Е, како тогаш е измислено дури во 3.500-та година п.н.е. и тоа дури откако луѓето научиле да прават легури, канали и пловила?
Објавени годинешните добитници на Пулицеровата награда, за врвни постигнувања во печатеното и онлајн новинарство, литература и музика. Изненадување е недоделувањето на наградата за белетристика, што се случува прв пат по 1977 година.
Соочена со опасност од избивање скандал околу фотографијата од која се гледа дека Патријархот носи ужасно скап часовник, Руската Православна Црква беше принудена да издејствува чудо: часовникот да изчезне од сликата! И потоа пак се појави!
Аризона е американска држава која има убедливо најбрутален затворски систем во САД. Последниот извештај на Амнести Интернационал откри ригорозни практики во занданите на Аризона.
Зошто секој може да научи португалски? Дали некои аспекти на природата никогаш нема да ни се разоткријат? Дали Твитер тривијализира? Интервју со Ноам Чомски по повод неговата нова книга „Правење на иднината: oкупации, интервенции, империја и отпор".
Спортот и парите. Постои ли економски ќар од давање буџетски средства за врвниот спорт? Повод: Советот на Сакраменто реши да одвои 255,5 милиони долари од градската каса за да се изгради нова арена а Сакраменто Кингс да останат во нивниот град. Се исплати ли тоа?
Некои двојки собираат пари, некои собираат долгови а некои спомени од заеднички романтични моменти. Двајцава весели црепови собираат видео докази кој како бил зезнат додека спие. Чудно е што воопшто имаат храброст да заспијат.
Ајде да видиме – колкава е веројатноста некој микробиолог, астроном или геолог да го има прочитано, па уште и наизуст да го рецитира Волт Витман? Од друга страна, колкумина пијанисти или поети би можеле од збор до збор да го наведат Вториот закон на термодинамиката?