Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Се избација со видео старо 8 години, ама на зарибана лента. На снимката Александар Трајковски и Анте Будимир, тогаш како македонско-хрватско дуо во Интер Запрешиќ, кое сега ќе биде нов тандем во Мајорка. Штосна идеја на шпанскиот прволигаш со довчерашните напаѓачи на Палермо и Кротоне.
Снајперистот на Македонија и Леванте го нема во последно време со некој мајсторски гол од прекин. Ама и на другиве нешто не им оди, затоа тој држи една убава втора позиција, а првата е резервирана за Лионел Меси кој последно време ударите од 20-25 метри му се како пенали.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Познатиот сајт за статистика „WhoScored“ го објави најдобриот тим од Лигата на Нации, поточно од лигата каде учествуваше Македонија и тотално ја утнале.
Нема ден некој шпански спортски медиум да не напише збор-два за едно од најголемите откровенија во Ла Лига сезонава - младиот Енис Барди за кој бековите избегнуваат да прават фаул близу шеснаесетникот. Сега на ред дојде шпански Goal.es.
Селекторот Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата на македонските репрезентативци во очи на квалификациските средби со Израел (2-ри) и Албанија (5-ти) септември. Голови на наши интернационалци фрчеа во Шпанија, Англија, Италија, Турција, Кипар.