Мачна сезона имаат фудбалерите на Леванте кои се бетонирани на дното во Ла Лига со само 3 победи по 28 кола. Викендов одиграа дома 1:1 против Еспањол, а очајно им се потребни победи. Енис Барди намести гол, ама до несмасен колега кој не смееше да си дозволи да промаши ваква шанса.
Барди и другарите синоќа остварија сензационална победа на гости против Атлетико, само втора сезонава и се на дното на табелата. Мечот го одбележаа неколку драми, посебно две во 96-та и 97-ма минута кои за малку не го сменија резултатот.
Атлетико Мадрид повторно ги разочара своите навивачи откако вечерва изгуби дома од убедливо најслабиот и последнопласиран тим во Ла Лига, Леванте. Гостите победија 0-1 со гол на Мелеро во 54'. Енис Барди играше нешто повеќе од еден час, а неговиот соиграч Микаел Малса распали еден невозможен шут од пола терен кој заврши во пречката.
Лидерот на македонската фудбалска репрезентација прво е осуден на четири месечна затворска казна, но потоа делото е преиначено во условна казна поради прикажување лажна возачка дозвола пред полициски службеници при рутинска контрола.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.
Фудбалската федерација на Македонија одлучи фудбалерите и стручниот штаб кои обезбедија историски пласман на Европско првенство следното лето, да добијат рекордна премија, најголема во историјата на македонскиот спорт.
Фудбалерот на Леванте нема да патува за Тбилиси и поради повреда на 'рбетот ќе го пропушти најважниот меч во досегашната кариера. Позитивни на тестирања Кире Ристевски и Крсте Велкоски, селекторот се надева дека ќе го има Адеми кој е ровит.
Во вечерта кога кралскиот клуб ја освои 34. шампионска титула, македонскиот репрезентативец постигна два гола и беше главен творец на триумфот на Леванте на гостувањето кај Селта Виго со 2:3. Барди го одигра 100. меч во Ла Лига и стана најдобриот странски стрелец во клупската историја со 18 гола.
Фудбалерите на Леванте загубија синоќа од Атлетик Билбао, но со оглед на бодовната разлика со екипите од долниот дел на табелата, може мирно да спијат. Нов гол на Барди, вреден историја.
Леванте има 2:0 на полувреме против Бетис, а тоа е затоа што го има Енис Барди. Македонскиот репрезентативец не игра на позиција напаѓач, ама погледнете го како се однесува кога ќе прими топка во напад, како врвен голгетер. Втор негов после долгата пауза.
Фудбалерите на Леванте го совладаа Еспањол на гости 1:3 и остварија многу важен триумф во борбата за опстанок. За играч на мечот беше прогласен Енис Барди кој го постигна голот на колото за водство од 1:2. Со ролинг измести двајца, а Ла Лига го опиша македонскиот репрезентативец со еден моќен збор.
Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
На сите им падна цената, што беше и за очекување, а најмногу на Барди. Членот на Леванте и македонската фудбалска репрезентација од 15, сега вреди 12 милиони евра.
Барди влетува на втора и ја кова поштено. Шансата на прва изгледа на чист гол, ама Јан Облак со крајни напори спасува со една рака. Сето ова се случува на мечот Атлетико - Леванте при резултат 2:1 и тоа во 93-та минута. Неверојатно.