Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Можеби звучи неверојатно, ама вистината е таа. Откако Барселона во својот состав го има Лионел Меси, а тоа е од 2004-та година, прв пат се соочува со ваков дебакл од 5 примени гола.
Енис Барди стана македонска гордост во шпанското првенство и влезе во статистики во друштво на еден Меси. Кој би рекол дека уште во првата сезона во Ла Лига, вака ќе стартува наше дете кое има само 22 години.
Шампионот на Шпанија го забележаа првиот пораз сезонава дури во претпоследното коло. Замина на гости кај Леванте без Меси и им се случи потоп во голеада со конечни 5:4. Македонскиот репрезентативец одигра фантастичен натпревар и успеа да ја тресне Барса два пати за 10 минути.
Паметно. Човекот намирисал дека Енис сезонава шутира слободни удари подобро од најголемите ѕверки во шпанска Примера и решил да праша за коефицент. На 11 квота уплатил 50 евра на два тикета и ене го на каса чека 550 евра. Така се игра. Алал вера мајсторе.
Ниту Меси ниту Кристијано Роналдо сезонава не шутираат слободни удари како македонскиот репрезентативец. Вечерва против Леганес на гости Барди даде ефектен гол од прекин во 59’ минута за 0-2 за Леванте.