Мадам Клод, односно Фернанд Груде со децении владеела како кралица на борделите, го измислила терминот call girl воспоставувајќи телефонско закажување во нејзиниот харем полн двојнички на Катрин Денев, тренирани да бидат динамит и во кревет и при конверзација. Денес го испитуваме нејзиното наследство.
Кога медиуми како Њујорк тајмс почнуваат да пишуваат дека се претерува забраните, хистеријата на маските и хигиенскиот театар, останува само уште Караџовски да верува дека треба да носиме маски надвор затоа што вирусот кмиши по улици а ние го дигаме со нашето одење. Стварно, можно ли е после онолкава медицинска кариера некој да си дозволи да го памтат по така глупа изјава?
Толку многу сме пишувале за пушењето и другите нездрави навики што ни го прават животот поубав, што не чувствуваме посебна потреба да се вклучуваме во последната епизода за законот. Ама па, зошто да не?
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ви подготвивме текст за кој ќе треба да одвоите доста време. За непушачите тоа не би требало да биде проблем бидејќи и онака ќе живеат долго.
Порнографијата ќе ти го промени животот. Нема начин целосно да се објасни апсолутностa, величината на оваа вистина. Ова не е работа што бавно избледува во минатото откако ќе ја напуштиш. Не е работа што можеш да ја направиш еднаш и да ја заборавиш. Оваа работа не се заборава. Кога еднаш ќе ја направиш, сите што те познаваат гледаат еден печат на тебе – веруваат дека има нешто во врска со твојот карактер или минато што е откриено.
На некогашниот пејач на Смитс не му е прв пат да западне во контроверзи. Во случајов на маичка што планираше да ја продава како сувенир на следната турнеја во САД тој има искомбинирано свои стихови со лик на познат црн писател и активист. А комбинацијата е отворена за толкувања.
„Не можам да имам секс за една ноќ. Во Љубљана точно можете да погодите со кои жени сум спиел. Со сите се имам оженето“, вели меѓу другото Славој Жижек во мозаичниот текст за тоа како е да се биде лош татко, за агресијата која во него расте и за тоа како скрибоманството му го спасило животот.
Од невини престапи како да каснеш падобранец сред диета, до поголеми кои вклучуваат измами, секс или пари. Најчесто им одолеваме, особено на поголемите. Но кој е подобра личност: оној кој постапува морално додека е искушуван, или оној кој никогаш не доаѓа во таква ситуација?