Ова на колото е некако малку, а не е доволно да се каже ниту на месецот. Веројатно „Офсајд лик на сезоната“ ќе заврши работа и ќе биде адекватно кажано за овие сцени и за историја, но и за сеир.
Кога читаш вести за фудбал од кај нас и од една Германија, сфаќаш дека тоа се две различни галаксии. Во Македонија навивачи собраа 50.000 евра за да го одржат на апарати нашиот најтрофеен клуб, а таму толку чини пари за казна. Каква? Ептен банална.
Колку е забавно да се следи италијанскиот фудбал, тема на разговор за која во полемика влегоа тренерот на Милан и заменикот премиер. Со тоа што таму не им цвикаат на политичарите, особено не Гатузо кој мртов ладен се чудеше со што се занимава човекот кој треба да се грижи многу посериозни работи.
Сме немале во последно време кого да сместиме во нашата омилена рубрика со офсајд ликови. Ама ете се појави најужасниот италијански селектор кој викендов дебитираше на новата тренерска клупа. Полошо не можеше да помине.
Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.
Има многу играчи кои се презиваат Андерсон, ама он е познат по онаа најскратена бразилска форма само како Андерсон. Поделени се мислењата за квалитетите на овој играч, ама сепак ваквиот пад во кариерата го носи во нашата омилена рубрика.
Она што не го направивме по Светското, а требаше да го направиме е да го избереме Офсајд ликот. Тука нема конкуренција. Човекот кој се избламира како никој во Русија беше Диего Армандо Марадона. Ова е топ 10 листата на неговите активности.
Со #happypollockday, Англичаните одбележаа 20 години од безвременскиот автогол кој само на пацер кој е истовремено и мајстор може да му успее. Го постигна Џејми Полок, а за него има и една куса и неповторлива приказна.