Офсајд лик: Андерсон

Има многу играчи кои се презиваат Андерсон, ама он е познат по онаа најскратена бразилска форма само како Андерсон. Поделени се мислењата за квалитетите на овој играч, ама сепак ваквиот пад во кариерата го носи во нашата омилена рубрика.

Андресон важеше за откритие на Порто, неговиот втор клуб во кариерата каде замина со неполни 18 години од екипата на Гремио.
 
Кога те сака клуб по име Манчестер Јунајтед, а таму тренер е Сер Алекс Фергусон, тогаш мора да вредиш, иако некои ќе речат дека за Јунајтед никогаш не бил доволно добар, други дека бил дебел, а трети дека бил вундеркинд на Менаџер.
 
Без разлика дали овие коментари држат вода или не, Манчестер Јунајтед летото 2007-та го донесе Андерсон од Порто и тоа за сума од 30 милиони евра, а тој ги фати последните најубави години со Ферги на Олд Трафорд.
 
 
Бразилецот не се изнаигра многу и забележа 181 настап за 8 сезони или по 22 средби во сезона, ама затоа освои вкупно 9 трофеи од кои 4 титули во Премиер лигата и една во Лига на шампиони.
 
Истиот овој момак кој беше помпезно најавен во моќниот тим на Јунајтед кој тогаш владееше на островот, една деценија подоцна прифати трансфер во Турција, ама не во прва туку во втора лига.
 
Потпиша за Адана Демирспор, а клубот на Твитер се пофали дека ова не е сон, туку реалност.
Поранешниот колега на Руни, Роналдо, Ван Перси и Фердинанд, од Театарот на соништата се сели во ваков амбиент.
По заминувањето од Манчестер во 2015-та, Андерсон беше на позајмица во Фиорентина па настапуваше во Интернационал, но откако во јануари му заврши договорот со бразилскиот тим остана без ангажман.
 
Сега има 30 години, вишок килограми и нов тригодишен договор каде ќе треба да покаже зошто и како успеал да опстои 8 години во состав предводен од Фергусон.
31 јули 2018 - 12:02