Медиумите се одраз на начинот на кој се мисли и се зборува. Но и обратно, истите влијаат врз развојот на речникот на одреден јазик, ставајќи во оптек или потиснувајќи одредени зборови и/или нивни значења. Њујорк Тајмс од 19 век наваму ги прави и двете, а сега има и Твитер профил на кој на дневна основа можат да се следат зборовите кои прв пат се употребени во весникот.
Четири месеци откако сегашни и поранешни затвореници му напишаа отворено писмо на претседателот Бајден, Пентагон официјално ја прекина својата политика која од 2017 година им оневозможуваше на затворениците од Гвантанамо Беј да си ги земат со себе уметничките дела кои ги создавале со години кога го напуштаат затворот.
Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст.
Пред некое време пишувавме за зборот на годината според Оксфордските речници, кој воопшто не е збор, туку слика-емоџи. И Меријам-Вебстер го прогласи својот (не)збор на годината. Како тргнало, следната година можеби ќе победи м’мкање или свиркање.
Тролањето на претседателските кандидати во САД, традиционално креативно, добива нови димензии со ликот и делото на Трамп. Најново - книга песни составени од негови интервјуа, говори и твитови.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Во 2008 Трамп снима клипче во кое го анализира славниот филм. Сега му го вадат, но не за да го ругаат што тогаш бил глуп, туку за да му ја покажат разликата во неговото интелектуално ниво тогаш и сега, кога звучи „како од него да зборува Мусолини“.
„Дрвач", „дрндач", „празна воденица" - во САД во текот на актуелната кампањата за претседател се актуелизира еден подзаборавен збор, кој само покажува дека професијата политичар подразбира една универзална карактеристика: способноста многу да се зборува, а ништо да не се каже.