Од шпанскиот грип до „кинескиот вирус“, именувањето на болестите и вирусите согласно земјата на нивното потекло е криткувано поради поттикнување ксенофобија и расизам. Но именувањето на варијантите на коронавирусот согласно грчкиот алфабет исто така си има свои последици.
Законот на Хјум, познат и како „Хјумова гилотина“, вели дека од чисти факти не можат да произлезат морални ставови. Тенденцијата на современото новинарство, под притисок на социјалните медиуми, да ги меша „Е“ со „ТРЕБА ДА Е“, создава хаос, и во известувањето, и во градењето ставови за фактите.
Во ново издание на стрипот на Марвел за Капетан Америка, неговиот постојан непријател Ред Скал изгледа како да ги промовира идеите од книгата на Питерсон „12 правила за животот“. Тој пак не е воодушевен.
Разговорот на Опра со војводата и војвотката од Сасекс денес е главна тема во светските медиуми. Интервјуто се анализира од сите можни аспекти, а славни станаа дури и столиците од ратан на кои седеа гостите. Но ова сепак е далеку од оние ТВ интервјуа кои менуваат траекторија на настани или обезбедуваат цитати кои со години подоцна влегуваат во популарната култура. Такви, иако се ретки, сепак имало.
Не станува збор за библиотека со книги, туку со значајни документи поврзани со претседателскиот мандат. Американските претседатели оваа традиција, воспоставена во 1930-тите, ја сфаќаат сериозно и почнуваат да се подготвуваат многу порано пред заминувањето. Трамп, изгледа, беше затечен.
Минатата недела во САД името на Орвел предизвика препукување помеѓу либералите и конзервативците, поради неговото наводно погрешно користење од страна на вторите.
Вообичаено, церемонијата на претседателската инаугурација во САД вклучува голем број минати носители на функцијата. Но на 8 јануари претседателот Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на онаа на неговиот наследник, Џо Бајден на 20 јануари. Ова е прекршување на традицијата, но не е баш и без преседан.