Познатиот телевизиски гигант од Германија - Westdeutscher Rundfunk нарачал анкета во која меѓу другото испитаниците биле прашани „дали репрезентацијата треба да ја претставуваат повеќе бели играчи“?
Еден од најголемите тимови во Формула 1, Скудерија Ферари го претстави својот нов болид за новата сезона 2024. Болидот не наликува на неговите претходници и во Ферари сметаат дека е апсолутно најдобар досега. Новата сезона почнува со трка за Големата награда на Бахреин закажана за 2-ри март. Новиот болид на Ферари ќе го возат членовите на овој тим Карлос Саинц и Шарл Леклер кои ќе пробаат да ги тргнат од тронот Ред Бул и Макс Ферстапен.
По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Во населбата Пролет во центарот на Скопје која изобилувала со многу маалски спортски дружби изразени преку фудбал, кошарка и пинг-понг, меѓу „пролетовата" младина се родиле и талентирани ракометари и ентузијасти од кои потекнува еден од најстарите македонски ракометни клубови.
Оваа сезона Барселона нема победено на ниту еден натпревар на кој настапија со црвено-жолтите дресови, па во Шпанија веќе почнаа да се вртат муабети за „проколнати дресови". Но тие не се единствени чии дресови биле малерозни.
Техничките спонзори на фудбалските репрезентации не внимаваат многу на нивната традиција, па така на следното Светско ќе видиме многу промени во боите на нивниот долен дел од опремата. Шпанија ги напушти победничките сини шорцеви, а Германија, Аргентина и Колумбија ќе носат исти.
Наместо стандардните зелени или бели дресови, Универзитетот Охајо реши да ги изненади своите рагбисти со црни дресови, а притоа и да ја снима нивната реакција при промоцијата. Играчите малку претераа со нивната реакција и станаа хит на интернет.
Најстариот фудбалски клуб на светот од локалната полиција доби на подарок запленети ламби за одгледување на канабис кои ќе ги користат за да си ја растат нивната трева. Не таква трева каква што вие си мислите.
Во лигите на големата петорка (Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција) работат вкупно 98 тренери. Најмогу има Германци и Французи, а најмалку се Англичани, но од сите 98, само еден е црнец.