Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.
Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.
За некого преводот е сиромашкиот братучед на литературата, нужно зло, па дури и богохулие. За други, преводот е мост за меѓукултурно разбирање и креативно толкување. Нова книга ги истражува обете страни на медалата.
Не фигуративно, туку буквално. Туркање во автобус, непосакувано гушкање, дишење во врат - сето тоа се доживува како загрозување на личниот простор. Иако радиусот на ваквата територија се базира и на културата, потребата тој да се има (или да се препушти на друг) е длабоко еволутивна, вели нова книга.
Книгата се вика „Дали на ангелите им треба потстрижување?“, а стиховите во неа се однесуваат на прашања поврзани со нацијата, сексот и вискито. Напишана е во 1970, откако Рид го напушти „Велвет андерграунд“.
Пред некое време пишувавме за тоа како светот го преведе shithole на Трамп, опис кој тој го употреби за Хаити, Ел Салвадор и земјите од Африка. Хрватска го искористи сочното „вукојебина“, Финска „шупачки држави“, кај нас „дупки“ или „свирипичино“. Но каква е историјата на англискиот термин?
Во последно време ни се случува еден парадокс: додека слушаме дека веќе е роден првиот човек кој ќе живее вечно, и дека човечкиот век генерално се продолжува, околу нас се разболуваат и на млади години умираат куп познати и пријатели. Добро, кај е тој трансхуманизам што го зборите?
Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.
Не стана претседател на САД, но ја форматираше публиката, и од целосен аутсајдер успеа да стане вистински хит, особено помеѓу младите. Сега Сандерс им се обраќа со нова книга, за да не ги остави да се „оладат“ до следните избори. Затоа што и во меѓувреме има многу нешта што тие можат да ги сторат.
Нова биографија на Клара Петачи, ќерка на личниот доктор на Папата, која на 20-годишна возраст ја остварила својата опсесија, да му биде љубовница на 49-годишниот Дуче.
Вчера, 26.01, во интервју за Фокс Трамп изјави дека ИСИС се „подли, гнасни стаорци“. Со тоа само се надоврза на традицијата на антропоморфизација на овие сироти суштества. И тоа не би било необично ако истото важи и за другите глодари. Ама не, глувчињата се слатки.
Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.
Прво мислевме дека е зафрканција, ама излезе стварно - пред скоро 150 години анонимен автор ја објавил „Чудниот Трамп“ (The Odd Trump), роман чиј главен јунак се вика Трампли Вејлс (скратено - Трамп). А најинтересно е името на ликот со кого тој постојано се расправа.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја