По ремито против Словенија и Израел, македонската фудбалска репрезентација ја продолжува позитивната гостинска низа. Петте освоени бодови на гости нека бидат мотив плус и за реванш средбите против Полска и Австрија.
Супер прво полувреме за македонската фудбалска репрезентација. Веќе до 17-та минута разбиена е Летонија со два гола на гости. Елмас, Барди и Пандев одиграа акција со која ја извадија од колосек одбраната, а Барди испука бомба на прва.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа го постигна третиот сезонски погодок за Леванте (12-ти откако е во Шпанија) и дефинитивно му обезбеди опстанок на својот клуб.
По триумфот над Летонија од 3:1, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено на гостувањето против Словенија со што стигнува до солидни 4 бода по првите две кола во квалификациите за ЕП 2020. Словенија - Македонија конечни 1:1.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.
Пишаниот збор често останува од колено на колено и тешко се менува. Во многу земји фудбалскиот клуб кој некогаш царуваше во Европа е поврзан со цицачот кој го има на својот грб и амблем. Но во Шпанија ретко кој ги вика така.