Исто е ама не е исто

16 англиски зборови кои значат едно во САД, а друго во Британија. Со потенцијално збунувачки реченици.

1. Pants

Што значи во САД: Облека што се носи од половината до зглобовите; пантолани
Што значи во Британија: Долна облека.
Потенцијално збунувачка реченица: „Ама ѝ се добри пантоланите на мајка ти!"

2. Braces


Што значи во САД: Средство за зајакнување и исправување на забите.
Што значи во Британија: Прерамки.
Потенцијално збунувачка реченица: „Кога бев дете многу ми се заглавуваше храна во прерамките."

3. Biscuit

Што значи во САД: Путерест, лесен леб кој се служи со (солени) предјадења.
Што значи во Британија: колаче.
Потенцијално збунувачка реченица: „Не можам да јадам бисквит освен ако не е со сенф".

4. First Floor

Што значи во САД: Приземје.
Што значи во Британија: Спратот над приземјето, прв спрат.
Потенцијално збунувачка реченица: „Супер важниот состанок се одржува на првиот спрат - немојте да доцните!"

5. Fancy dress

Што значи во САД: Формален, свечен фустан.
Што значи во Британија: Костим за маскирање, како за априлијада.
Потенцијално збунувачка реченица: „Девојките нè викнаа на фенси дрес забава вечерва. Каде да најдам фрак?"

6. Trainers

Што значи во САД: Фитнес експерт кој ти помага околу вежбањето.
Што значи во Британија: Патики.
Потенцијално збунувачка реченица: „Вежбање со тренер? На што ти личам, на милионер?"

7. Chaps

Што значи во САД: Кожни ногавици кои ги носат каубојците, како заштита на нозете дур јаваат коњи.
Што значи во Британија: Момци.
Потенцијално збунувачка реченица: „Нема ништо посекси од пар момци без задник"

8. Comforter

Што значи во САД: Прекривка за на кревет.
Што значи во Британија: Цуцла за бебе.
Потенцијално збунувачка реченица: „Не можам да заспијам без цуцлата".

9. Cider

Што значи во САД: Безалкохолен сок од јаболка особено популарен на есен.
Што значи во Британија: Алкохолна пијачка од ферментирани јаболка, популарен секое годишно време.
Потенцијално збунувачка реченица: „Кога бев дете нон-стоп си пиев сајдер".

10. Knob

Што значи во САД: Округла квака
Што значи во Британија: Пенис.
Потенцијално збунувачка реченица: „Си ја скршив кваката брзајќи да излезам од дома утрово".

11. Bin

Што значи во САД: Кутија за чување предмети.
Што значи во Британија: Канта за ѓубре.
Потенцијално збунувачка реченица: „Ги ставив сите вредни работи од баба ми во канта".

12. Garden

Што значи во САД: Поле/нива за одгледување цвеќиња или друг вид земјоделски производи.
Што значи во Британија: Заден двор.
Потенцијално збунувачка реченица: „Не фала, не сакам да пијам пиво во твојата нива".

13. Rubber

Што значи во САД: Кондом.
Што значи во Британија: Гума за бришење.
Потенцијално збунувачка реченица: „Зошто по ѓаволите би им давале гуми на учениците од прво?"

14. Pissed

Што значи во САД: Лут.
Што значи во Британија: Пијан.
Потенцијално збунувачка реченица: „Извини што доцнам на работа. Платив казна за погрешно паркирање и сум пијан".

15. Shag


Што значи во САД: Jaмболија.
Што значи во Британија: Секс.
Потенцијално збунувачка реченица: „Јамболија? Бљак! Ќе фатиме молци!"

16. Football

Што значи во САД: Американски фудбал, рагби.
Што значи во Британија: Фудбал.
Потенцијално збунувачка реченица: „Не сакам фудбал".

12 септември 2013 - 09:28