- Со скор од 2 победи, едно реми и 3 порази, актуелниот шампион на Македонија го заврши деби настапот во Конференциската лига на 22-ра позиција, во конкуренција на 36 екипи.
- Тоа им носи историско учество на европската сцена во нокаут фаза, успех недостижен до сега за друга македонска екипа. Само за пласманот во плејоф ќе добијат 200.000 евра, што значи вкупно до сега заработија 6 милиони евра.
- Противник ќе им биде Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција, што значи нова шанса за поголем успех и уште поголема заработка.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.