Причинител на ова писмо е убиството, т.е. спалувањето на бездомните животни во Украина, и ширењето на веста против оваа грозоморно убиство на нашите социјални мрежи.
Да се разбереме уште на почетокот, јас по вокација сум голема љубителка на животните, против нивното убивање, малтретирање, изживување...
Сум за заштита на животните, ама за вистинска заштита!
Остро со сабја ги критикуваме сторителите Украинци за овој немилосрден, нехуман чин. Зошто најпрво не погледнеме во нашиот двор пред да плукаме дека туѓиот бил нечист!? Затоа, да не гледаме предалеку, најпрво да си погледнеме пред нос! Конкретно во Македонија имаме безброј животни бездомници кои се опасни по околината и човечкиот живот! Алармот за зголемување на бројот на овие животни бездомници веќе одамна е вклучен! Кај нас секое животно се пари кога сака и со кого, што значи ни треба регулатива за парењето на животните, контрола и тоа голема за бездомниците, воопшто за животните. Нашите општини станаа глутници! Денес луѓето се плашат да излезат на улица од овие глутници! Каде овде да ја бараме човечноста,хуманоста? Сум против убивање на невините животни, ама што со оние животни кои ние самите свесно/несвесно ги направиве виновници? Значи сме против нивнито убивање, против шинтерниците, и понатаму каде го гледаме решението? Да дозволиме да бидеме напаѓани, да живееме во страв само заради тоа што сме хумани!? Проблемот е позагрижувачки отколку што изгледа, затоа решение мора да се најде за овие бездомници!!!Но, клучното прашање овде е што всуштност ние правиме, како граѓани, институции, воопшто како општество за да го решиме овој општествено - (не) културен, (не) хуман проблем? Oвој проблем има длабоки корени, потекнува од подалечно време и во себе носи недостаток на грижа, незаинтересираност. Полицијата се оградува од секаква надлежност за овој проблем, општините и градочалниците бараат колективни, масовни жалби за решавање на овој проблем, како тој да е фиктивен, а не реален, тогаш кој е одговорен за ова општествено - егзистенцијално прашање, прашање на живот!? Значи постојат одредени мерки на заштина, вакцинација, стелиризација, кастрација, вдомување на животни (од совесни граѓани се разбира), добра организација од надлежните институции.
Кога глутницата ќе биде преголема тогаш единственото решение е смртта! Затоа треба навреме да се реагира и бара решение. Не можеме животните да ги обвиниме за нивнито однесување, тоа сепак зависи од околината и грижата кон тие животни, односно од нас луѓето. Мораме да си признаеме дека самите ние го создадовме овој проблем, а сега треба да знаеме да го решиме. Но, по се изгледа апелите кај нас немаат некоја голема функција, свеста се помалку работи, не знам што ни преостнува!? Не можеме да се правиме дека кај нас овој проблем не постои, да можеби е малку понезабележителен од некои други земји, но затоа еден ден и ние ќе мораме да му погледнеме во очи и да се соочиме со него, сакале или не! Се надеваме дека нема да биде прекасно и да мораме да постапуваме исто како и Украинциве, но за жал по природа сум песимист! Како и да е секогаш бидете хумани! Ве поздравувам!
Снешка