Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Ние растевме со триковите на Џејсон Кид и Џејсон Вилијамс, но сега во НБА има многу нови клинци кои меѓудругото научиле и старомодни трикови од тоа време. Погледнете на пример каков цар излезе Кајл Кузма од Лејкерски. Мислиш со Иво Данеу е генерација.
Египет, дуел меѓу Ал Ахли и Ал Гаиш. Домаќините добиваат 3-0 а вториот гол, дело на Амр Ел Солија во 69’ минута ќе се разгледува за гол на сезоната во Африка.
За херој на колото и месецот во германскиот фудбал дефинитивно треба да биде прогласен голманот Јанис Гелиос. Неговиот Кил го совлада Сент Паули со 2:1 во втората лига, резултат кој висеше на конец бидејќи во финишот беше драма и пол пред неговиот гол.
Мора да стои тоа “не“ бидејќи реално не можеше да го чува, а да не направи фаул. Да му дадеа право на 10 лични ќе ги потрошеше уште во прво. Нормално тактиката во вакви случаи кога имаш немоќен чувар, често беше поставена Шек да ја прими и да ја реши еден на еден. И ја решаваше.
На 10 февруари 1991 година, фудбалерот на Кан, 20-годишниот Зинедин Зидан го постигнал првиот гол на професионално ниво. На мечот против Нант во 26. коло од француската лига, Кан победил 2-1 а Зизу постигнал еден од головите.
Марсело Диаз игра за аргентинскиот прволигаш Расинг и член е на селекцијата на Чиле. Не знаеме дали ова се коси со фудбалските правила или не, ама типов мртов ладен јадеше на сред натпревар.
Викендов тргна со автоголови. Во Париз на дербито ПСЖ - Лион, гостинскиот фудбалер Маршал си даде трагикомичен автогол, а ништо помалку чуден не беше ни оној на Мајк Трезор, играч на Вилјем Втори.
Додека Барса и Реал се тркаа по нови бодови на гостувања, во Италија и Франција се играа дерби дуели. Интер го совлада Милан со 4:2 после пресврт од 0:2, а ПСЖ со ист резултат го победи Лион. Еден од головите за домаќините беше автогол на Фернандо Маршал.
Двете победи по ред против Јуве и Сампдорија дефинитивно не се излез од кризата за Наполитанците кои вчера дома има нов кикс. Пораз од Лече со 2:3. Елмас не играше против суспензија, а Марко Манкосу го има голот на колото во Серија А. И неговиот тренер Фабио Ливерани се чудеше.
Годинава во Серија А не само што се игра топ фудбал, туку и стадионите се полни како ретко кога во последните неколку сезони. Тифозите прават прекрасни изданија на трибините.
Беспредметно е веќе да се зборува за годините на Горан. Кај него се пресудни желбата, знаењето и искуството кое е драгоцено за Џенова. Синоќа за Скај изјави дека имало нешто вистина околу неговиот кам бек во Интер, но сепак решил да остане во Џенова со цел да ја спаси. Со малку среќен гол од околу 20 метри го реши Каљари.
Да се вратиш во градско дерби од негатива на полувреме 0:2 и потоа во второ да возвратиш со 4 комада за конечни 4:2, не е воопшто мала работа. Особено во миланското дерби каде секогаш има голема неизвесност и нијанси знаат да одлучат.
На мајсторот не му треба многу време за да се загрее. Денеска против Каљари влезе во игра во 39-та минута и по само 4 минути игра го отвори резултатот. Горан имаше идеја да нафрли од 20 и кусур метри, но никој не ја допре таа топка и потоа влезе во гол. Шести негов сезонски погодок.
Во финалето на јапонскиот Супер Куп се сретнаа Јокохама и Висел Кобе. Мечот после 90 минути заврши 3:3 па се прејде на изведување пенали. Првите четири беа реализирани а после почна серија која не се случила никогаш и никаде досега.
Алжирецот Саид Бенрахма игра десно крило во Брентфорд во Чемпионшип. Одвреме-навреме го имаме во рубриката затоа што важи за еден од најдобрите дриблери на Островот сезонава. Дечкото си поигра со Луис Винг од Мидлзброу како со статист а на крај Брентфорд славеше 3:2.
Додека ПСЖ веќе се спрема како ќе го отвара шампањското за прослава на титулата, не смее да се заборави на лудата низа на Олимпик Марсеј кој нема пораз на 16 меча во сите натпреварувања. Синоќа со 1-0 го совладаа Тулуз а човекот кој им донесе 9+ бода предност во однос на третопласираниот Рен е Димитри Паје.
Во мега дербито на португалскиот фудбал, Порто и Бенфика постигнаа вкупно 5 гола, а на крајот се радуваа „змејовите“ од Драгао кои победија 3:2. Еден од најубавите моменти на мечот беше кога десниот бек на Порто Хезус Корона го шекна Оливеира со неколку дриблинзи.
На буквално пар дена откако дојде од Јувентус, германскиот репрезентативец Емре Чан постигна страшен гол за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ гостуваа кај Баер Леверкузен и мечот беше најдобар одигран сезонава во Бундеслига. Заврши 4-3 за домаќинот а Емре Чан постигна страшен гол.
Не веруваме дека Карло Анчелоти видел ваков бисер во 25 години тренерска кариера. Волкот му се повредува и се одлучува да го замени со Џибрил Сидибе. Арно ама четвртиот судија му сигнализираше недостиг во спортската опрема. Чаре? Трк во соблекувална.
Фудбалерите на Наполи и Верона ја зголемија неизвесноста за Скудетото бидејќи и двете екипи успеаа да го совладаат актуелниот шампион на Италија и тоа на два од последните три нивни натпревари.
Сите негови соиграчи збеснаа на овој Кевин Џонсон потег на средношколецов, а тој си обезбеди кредит со авторитет за до матура. Од сега он ќе бира со кој ќе игра, а за матурска партнерките сами ќе го бараат.