Offside

Фудбалската репрезентација на Португалија е освојувач на овогодинешната Лига на Нации откако во големото финале ја совладаа Шпанија на пенали. Во основното време резултатот беше 2:2.

Групна машка фотографија - заушки мора да летаат

Што друго да има кога група од 20-ина мажи ќе застанат да се сликаат за некоја официјална клупска кампања. Глупирање колку сакаш. Ипсвич за новиот календар за 2025.

Грчко навивачко дерби на женска кошарка

Во Грција веќе повеќе од десетина години има ригорозен закон за спречување на насилство на спортски манифестации. Овој закон забранува и две навивачки групи на исто место (читај забрана за гостувања), па права реткост е кога ќе се види такво нешто на стадион или во сала. Како за време на дербито од женската кошаркарска лига на Грција меѓу Ираклис и Панатинаикос.

Најверната навивачка за 2024

Девојката навива за Расинг Клуб Авељанеда, клуб од истоименото предградие на Буенос Аирес. Фотографии и видео од нејзин приказ на љубовта кон омилениот клуб покажаа што е дефиниција за верност.

Колку време може Шекил О'Нил да пројде неприметен во Торонто?

До првото преминување улица и вртење десно кај што го чека едно: „Кај си бе Шек“?

Одамна некој домашен играч не бил исвиркан така на „Олд Трафорд“

Играч на Манчестер Јунајтед, да бидеме појасни. „Олд Трафорд“ има вековна култура на голема почит кон своите и противнички фудбалери, па секогаш знае да препознае момент за громогласен аплауз, но и за брутални свирежи со какви се соочи Холанѓанецот Џошуа Зиркзе.

Најнеобичниот стадион во светот

Во унгарското село Фелчут има еден парадокс. Се работи за место со 1.688 жители кое има стадион со капацитет од 3.865 седишта. Стадионот го користи Пушкаш академијата, именувана по легендата Ференц Пушкаш и се вика Панчо арена, по неговиот прекар. Три години го има користено трикратниот унгарски шампион Фехервар, додека се реконструирал нивниот стадион. Отворен е во 2014-та и чини нецели 10 милиони евра. Скроз нетипично здание од стадион.

Ако на 29-ти вака се тетеравиш, на први каков ќе бидеш?

Англичаните традиционално стиснаа гас за празнициве, а тоа значи фудбал на Боксинг деј, за викенд, па на први јануари. Снимкава е од неделата од дуелот Блекпул - Бирминген Сити, а проблемот со балансот е на Џејмс Хазбнд, кој да не се лажеме, имаше очигледен обид да изглуми фаул.

Топ 10 моменти од светот на спортот за 2024

Додека светот се збогува полека со 2024-та година која е во заминување а ја поздравува Новата година, да се потсетиме на најинтересните моменти од светот на спортот во изминатава година.

Ако денот по утрото се познава, ќе го биде овој Милан на Консеисао

Португалецот во понеделникот само што стигнал во Милано, веднаш се фатил за работа. Ги завратил ракавите и без многу да мисли на административните работи околу договорот (6 месеци, 1 ипол милион евра со можност за продолжување) се симнал на терен кај момците.

Како изгледа еден обичен ден за натпревар на Бока?

Улиците на Буенос Аирес близу култниот стадион „Ла Бомбонера“ се обоени во жолто-сино а од секаде се слуша ритам на блех музика и мирис на распалени скари.

Бруно Гимараеш во шише го стави Гарначо

Рубен Аморим го забележа и шестиот пораз на клупата на Манчестер Јунајтед по 11 средби и ова им е вкупно деветти во Премиер лигата после 19 кола по кои се 14-та позиција. За прв пат во 45 години губат дома три средби по ред. Погледнете со колку трчање и жар му играше одбрана Бруно на Гарначо во последните 10 минути од мечот. Како сега да почнал мечот. Манчестер Јунајтед - Њукасл 0:2.

Баварско „шут у дупе“

Триесет и осум годишниот тренер на Баерн Минхен Венсан Компани кој долги години беше капитен на Манчестер Сити, некако го донесе бродот на Баварците во мирни води по турбуленциите минатата сезона. Баерн е прв во Бундеслига но има само 4 бода повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен. Компани на тренинг се служи со стари добри тренинг методи.

Како играше Роналдо на 34 години, здебелен и со проблематично колено?

Легендарниот Бразилец, кој остана идол и миленик на милиони навивачи, кариерата ја заврши во Коринтијас каде настапуваше во периодот 2009-2011. Ах тоа проклето колено што му направи во Интер. И пак беше јак, еден од најјаките напаѓачи видени во фудбалот.

Моќна фотографија со легенди кои го напуштија репрезентативниот фудбал годинава

Ноер, Крос, Милер, Гундоган, Ди Марија, Суарез, Кавани, Гризман, Жиру, Кјелини, Пепе, Нани...Долга е листата на славни фудбалери кои во 2024-та решија да и стават крај на репрезентацијата.

Страшен трипл-дабл на Јокиќ за последниот меч во 2024-та

Српскиот репрезентативец одигра неверојатна партија во победата на Денвер Нагетс 132:121 над Јута Џез. Покрај него маестрално играа уште и ветеранот Расел Вестбрук и Џамал Мареј.

Леснотијата со која играше Тото Ди Натале

Скоро да немаше викенд а во извештаите од Серија А да го немаше легендарниот капитен на Удинезе Антонио Ди Натале со постигнат гол. За црно-белите од Удине играше 12 сезони и на 385 натпревари постигна 191 гол. За италијанската репрезентација забележа 42 настапи со 11 погодоци. Врвен шпиц каков што денес ретко се наоѓа.

Новогодишно интервју на Масар Омерагиќ

Претседателот на ФФМ, Масaр Омерагиќ, одговора на околу 30 новинарски прашања од повеќе медиуми на различни теми, како клупски и репрезентативен фудбал, судиската комисија, ВАР-технологијата, спонзорства, инвестиции, младински сектор.

Шумарите знаат како се организира акција

Нотингем Форест е најголемо изненадување на сезоната во најдобрите европски лиги. „Шумарите“ се сензационално втори во Премиер лига со дури 11 победи и 37 освоени бода, осум зад лидерот Ливерпул. Викендов Нотингем славеше 0-2 на гости кај Евертон а едниот од головите е кандидат за гол на месецот.

Шоу на Кирјос и Ѓоковиќ во парови, трибините во транс

Светскиот тенис добива новитет: во двојки за првпат заедно настапија добрите другари Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос. Австралиецот со грчко потекло се врати на тениските терени после долга пауза и имаше успешен настап. Со Ѓоковиќ во раната фаза од турнирот во Бризбејн ги совладаа Австриецот Александер Ерлер и Андреас Миес 3-0 по сетови: 6:4, 6:7 и 8:10.

„Заминувам во судиска пензија горд и чесен, со незаборавни патувања и исполнети соништа“

Домашната и меѓународна фудбалска сцена, од 2025-та ќе биде драстично ослабена во секторот делење правда. Но само на терен, бидејќи тој викна ВАР. Останува во судиската фела со друга значајна улога. По последниот судиски танц на Драгао во Порто, македонскиот Пјерлуиџи Колина зборува за Офф.нет. Направи кариера за книга. Честитки и од нас, после оние од Андре Вилаш Боаш.

18-годишен генијален Русин е нов светски шампион во шах

Младиот Володар Мурзин е нов светски шампион во брзопотезен шах или во рапид категорија, откако во Њујорк ја победи силната конкуренција која беше без главниот фаворит Магнус Карлсен, долгогодишниот апсолутен првак кој беше суспендиран.

Нов циркус во НБА, фрлање на паркет и 6 исклучувања

Мајами Хит го совлада Хјустон на гости 104-101. Најефикасен кај победникот беше Тајлер Хиро со 27 поени, 6 скока и 9 асистенции. Но токму Хиро беше дел од една немила сцена која донесе дури шест исклучувања.