Дабл-дабл на Димитријевиќ за победа на Баерн против Виртус Болоња
Кошаркарите на Баерн Минхен ја запишта 16-та победа сезонава откако со 85-50 на гости го совлада Виртус Болоња, по најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој постигна 11 поени со 10 скока и три асистенции и Дејвид МекКормак кој уфрли 24 поени со осум скока. Кај Виртус прв стрелец беше Мет Морган со 28 поени. Димитријевиќ игра одлично пред крајот на сезоната но Баерн веќе забележи 20 порази и нема шанси за доигрувањето во Евролига.