Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Ваков настан не се памети во Премиер, дрон прекина меч

Во денешната програма во Премиер лига три меча почнаа во 16 часот, но еден, оној меѓу Брентфорд и Волвс беше прекинат половина час по стартот, поради тоа што над стадионот леташе дрон. Главниот судија на мечот предвреме ги повлече играчите во соблекувална.

Црногорски комичар му кажува виц на Ѓоковиќ за Надал и Федерер

Познатиот комичар од Црна Гора, Дејан Радуловиќ го начека Ноле во ресторан во Тиват. Му раскажува кратка гачка и се дробат од смеење.

Десет години од легендарното интервју на Паоло Ди Канио

На денешен ден пред една деценија, контроверзниот Италијанец Паоло Ди Канио познат по избувливиот карактер и како играч и како тренер, го доби третиот црвен картон во една иста сезона како тренер на Свиндон. На судиите им сметало како се однесува во неговиот простор, па тој збесна и рече дека ќе прави што сака и дека на крај ќе ја освои промоцијата во повисок ранг. И стварно успеа.

Пејтон го залепи на постер високиот Грузиец од Индијана, па овој сакаше да го гризне

И покрај тоа што играше без своите најдобри играчи, Индијана Пејсерс го направи изненадувањето на колото во НБА откако славеше против Голден Стејт Вориорс 121-117. Момент на мечот беше кога Гери Пејтон II заби преку високиот Гога Битадзе па иронично го гледаше што предизвика реакција кај ривалот кој доби техничка грешка.

Газдата на Лацио не знае да го изговори играчот со кој направи мучки

Клаудио Лотито држи два клуба, Лацио и Салернитана, која инаку за 10 години од четврта ја избутка до прва лига, а потоа направи финта, како да не фигурира како газда на вторите. Во 2020-та „купи“ или поточно речено “прати“ еден анонимус од среден ред со сомнителни квалитети, од Лацио во Салернитана.

Да си жива и здрава и да го бодриш Атлетико до 101

Тоа што кај нас е роденденска честитка, Ана од Бразил сериозно си го сфати. Издржа јуначки еден век и нешто ситно и се одјави. На колку? Па на 101 година. И тоа до последно одеше на стадион. Царица.

Црногорците го закочија сообраќајот, се слави победата над Хрватска

Важеа за аутсајдери, а стигнаа до втората групна фаза и моментално се со фантастичен скор од три победи и еден пораз од Данска. Големата победа над фаворитот Хрватска се славеше во снежна идила со знамиња, песни, колони од возила, свирежи, бакљи...Во транс се Црногорците. 

Спектакуларната акција на Црна Гора со двоен цепелин

Селекцијата на Црна Гора е најголемата сензација во досегашниот дел од Европското првенство. Ние ги пишавме предвреме бодовите против нив, а тие го потепаа цел Балкан. Прво Македонија, па Словенија и сега најново во втората групна фаза и Хрватска и тоа со 6 гола разлика. Им летаа пред гол.

Најчудниот момент на Европското досега

Ракометарите на Германија беа толку покосени од коронавирусот што селекторот на репрезентацијата едвај скрпи тим кој ќе излезе на мегдан со силната Шпанија. Германците и натаму имаат шанси да влезат во самата завршница на Европското, а еден момент од мечот со Шпанија кој го изгубија 23-29 покажа дека не се баш најсреќни ни со опремата.

Маестро Лука со 5 поени за 3 секунди

Словенечкиот ас постигна 28 поени во поразот на неговиот Далас од Феникс Санс 109-101. Во самиот финиш на првиот дел Дончиќ имаше интересни акции во кои собра 5 поени за само 3 секунди и ја крена цела арена на нозе.

Неуспешен фудбалски тренинг со икс нула

Што се збуни бе друже? Па не постои попроста игра од оваа.

Видовте ли Тони Крос за што доби жолт?

Реал Мадрид го мина Елче во Копа деј Реј дури во продолженијата во кои паднаа сите три гола. Конечните 1:2 ги постави Азар во 115-та минута, а сите зборуваат за циркузов кој на Твитер го сподели и Крос.

Убаво деби голче на Торес за Барселона

Фудбалерите на Барселона загубија од Атлетик Билбао со 3:2 и со тоа се елиминирани во Купот на Шпанија. Ама зимово добија засилување од Манчестер Сити вредно 55 милиони евра, кое ветува многу. По дебито против Реал Мадрид во Суперкупот, 21 годишниот Феран Торес го бележи вториот настап за Каталонците на кој го постигна првиот гол. Браво момче, одлично одиграно.

Свирежи за Австралиецот Кирјос поради поддршката за Ѓоковиќ

Контроверзниот Ник Кирјос не помина добро пред својата публика на отвореното првенство во Мелбурн. Во прво коло го совлада Лиам Броуди од Велика Британија и се соочи со еден куп свирежи, а во второ очекувано загуби од фаворитот Данил Медведев. А тек Новак ако играше?

Во еуфоричното славје на Тотенхем најјак беше Мура

Фудбалерите на Тотенхем како гости, приредија лудорија од пресврт против Лестер. За време на славењето не се знаеше кој јаде, кој плаќа, а Лукас Мура му должи зимски реквизит на еден навивач, освен ако не го нашол во хаосот.

Дојдете ми два на еден да ви покаже чичо нешто

Атланта Хокс ја совлада Минесота со 134:122, а потегот на мечот кој е прогласен и за потег на колото во НБА е дело на Рејфорд Треј Јанг. 23 годишниот играч на Атланта ја направи каша попара скоро цела одбрана на гостите, а првите двајца ги изеде.

Нов нереален потег на Ник Кирјос на Австралија Опен, публиката во еуфорија

Најголемиот негативец во светот на тенисот кој низ годиниве се караше со судии, противници, тренери, публика, јавни личности, овојпат е позитивна страна на новото издание на Австралија Опен 2022. Ник Кирјос изгуби од првиот фаворит за титулата Русинот Данил Медведев со 3:1 во сетови, но пак правеше шоу на теренот.

400 македонски пливачи ќе тренираат на суво

33 клубови ги користат услугите на базенот во Борис Трајковски, а со тоа застој ќе има тренажниот процес на околу 400 пливачи и репрезентативци и тоа непосредно пред одржувањето на Националното првенство во пливање, подготовките за СП во Јапонија и ред други веќе закажани меѓународни натпревари на кои овие деца треба да ја претставуваат Македонија. На здравје бричење.

Со кој би можела Македонија да се падне во баражот за Светско?

Една година Европско, па следната Светско. Секој јануари е турбо за македонската ракометна репрезентација, која овој пат треба многу повеќе да се испоти за да се најде во друштво на светскиот ракометен крем. Патот до наредниот Мундијалот ќе биде тежок како никогаш до сега.

Три пати мери, еднаш сечи со еден тренер во НБА

Во крајно неизвесен финиш, Бруклин Нетс едвај го совлада Вашингтон Визардс на гости со 119-118, а домашните навивачи апсолутно со право ги навредуваа судиите. Во секундите кога се кршеше резултатот, се случи еден момент кој е посвојствен за ниски дивизии во некои селски лиги.

Истрага за Гранит Џака, добил многу сомнителен жолт картон на кој се вложила огромна сума

Нов скандал го дрма англискиот фудбал: тамошните чиновници во ФА отвориле истрага за чудниот жолт картон на „неименуван“ фудбалер на Арсенал затоа што била регистрирана висока уплата кај букмејкерите за такво нешто.

Напад врз автобусот на Атлетико, Симеоне не им се плашеше

Хаотични сцени после Куп натпреварот во Шпанија кој го доби Реал Сосиедад против Атлетико Мадрид со 2:0. Навивачите на домашниот тим фрлаа со предмети, клоцаа во вратата, а од околу полиција, молотови коктели, димни бомби..Ел Чоло мака немаше и не го допираше хаосот и насилието, туку напротив им доаѓаше да им рипне.

Каква блескава вечер на Јокиќ со 49 поени и Дончиќ со 41 поен

Во неверојатниот меч меѓу Денвер и ЛА Клиперс кој заврши после продолженијата 130-128 за Нагетс, Никола Јокиќ имаше застрашувачки трипл-дабл со 49 поени, 14 скока и 10 асистенции. Токму српскиот интернационалец го имаше клучното додавање до Арон Гордон на 2,2 секунди пред крајот кога бекот постигна тројка за голема победа. На другата страна блескаше Ивица Зубац со 32 поени и 10 скока (НБА рекорд на кариерата за Хрватот).