Offside

Кошаркарите на ТФТ Скопје се држеа до самиот финиш со Широки Бријег во финалето од баражот за пласман во АБА лигата но на крајот изгубија со многу убедливи 88-69. Практично 19 разлика на кои кумуваа и некои спорни судиски одлуки.

Фото на денот

Новак Ѓоковиќ го освои 101. трофеј во својата неверојатно богата кариера откако во финалето на АТП турнирот во Атина го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1 по сетови. Ноле делуваше пресреќен а сега направил и фотосесија и тоа со далматинци, како асоцијација на култниот филм на Дизни „101 далматинец“ и неговите 101 освоен пехар.

Во Турција фатени 1.024 фудбалери кои се кладат, ги открија со имиња

Истрагата на тема кладење во турскиот фудбал се прошири од судии, на фудбалери во сите лиги. Меѓу нив и членови на Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор. Не ви стасуваат парите од плата а?

Навивачкото лудило за Бока од близу

Едно е кога гледаш снимка од дрон, а друго е кога ќе се појави ваков клип од жижата. А пак кој знае какво е чувството, човек да доживее вакво нешто на трибина.

Пресинг на германски начин

Интересна и необична ситуација на германски третолигашки меч меѓу Ханза Рошток и Верл. Не можеа да изведат од што беа притиснати.

Луда завршница каква што ретко се гледа

Кошаркарите на Мајами Хит и Кливленд Кавалирс го одиграа најлудиот натпревар на вечерта во НБА лигата. Во завршницата екипите се менуваа во водство. Донован Мичел лидерот на Кавс на 0,4 секунди пред крајот погоди луда тројка за израмнување 138:138 и сите беа спремни за продолженија. Никола Јовиќ со лудо додавање и Ендрју Вигинс со забивање за победа, направија шоу!

Мангупиште во 96-та минута, коментаторот прегоре

Јужноамериканците се најлуди во свет за фудбал, заедно со се коментаторите. Санта Фе го добива Депортиво Кали со 1:0 во колумбискиот шампионат, а мечот го решава извесен Москера со ептен фраерски потег и тоа во длабокото судиско продолжение. Му даде ли некој вода на коментаторот?

Моќна партија на Лука Дончиќ, забиваше и ја забавуваше публиката

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по поразот од Атланта Хокс брзо се вратија на победнички патеки откако ноќеска го совладаа Шарлот Хорнетс 121:111. 

Пирс Морган јавно му се извини на Новак Ѓоковиќ

„Ќе почнам со тоа што ќе ти се извинам“, вели најпознатиот британски водител Пирс Морган додека погледот му е вперен во најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Така започнува најавата за гостувањето на тенисерот кај Морган во емисија.

Статистика во Бундеслига незабележана на 6.515 меча

Да не го гледаше некој викендов мечот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Мајнц или поточно да не чекал голови во прво?

Ликот на тенисерка која штотуку дозна дека заработила 5,3 милиони долари!

Русинката Елена Рибакина (26) која игра под знаме на Казахстан веќе неколку години, во големото финале на завршниот турнир од сезоната во Ријад, Саудиска Арабија, ја совлада најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка со 2:0 по сетови 6-3, 7-6. За тоа добила чек од 5,32 милиони долари што е најголема награда во историјата на женскиот тенис некогаш исплатена.

Чудно голманско загревање на сред натпревар

Иво Грбиќ е поранешен голман на Хајдук, Атлетико, Лил, а сега брани во Турција за Фатих Карагумрук. Погледнете го што правеше за време на мечот. Грбиќ, ова се вежби за грб или?

Станковиќ збесна и на 4 јазици се расправаше со новинар

Легендарниот фудбалер веќе неколку години е тренер но никако да ги смири емоциите и редовно бурно реагира. Сега го води рускиот гигант Спартак Москва. Има победи, нерешени и порази, не му оди лошо, но на терен не може да се исконтролира. Често се расправа со судии, пцуе и ги навредува поради што е на удар на руската јавност.

Ех голман, голман

Кога центарфор или фудбалер од среден ред ќе направи грешка тоа лесно се заборава, ама кога голман ќе направи кикс тогаш скапо чини. Така чуварот на мрежата на Форталеза, 26-годишниот Брено е крив што неговиот тим прими гол од Карлос Винисиус во 14' минута. На крајот конечни Форталеза - Гремио 2-2.

17-годишно дете го сочува голот на Болоња од Наполи и Елмас

Натпреварот меѓу Болоња и Наполи (2-0) заврши во знакот на триумф на домаќинот и дебитантскиот настап на младиот голман Масимо Песина во Серија А. 

Падобранец на пресот на Џенова по име Един Џеко

Даниеле Де Роси и Един Џеко беа соиграчи во Рома во периодот 2015-2019. Сега Италијанецот е тазе тренер на Џенова, а Босанецот на 39 години игра за Фиорентина. Џенова - Фиорентина конечни 2:2. Един му посака успешна тренерска работа во новиот клуб со куп бакнежи.

Во Канада шампионот се одлучи на јак снег, резерви гледале од соблекувални

Не толку следена лига, речиси полу-професионална, ама финалето кое се одиграло таму ќе се раскажува уште долго. И покрај сите напори натпреварот да се одложи некако поради обилни снегови, фудбалерите стиснале заби и изгирале врвен натпревар на кој паднал и гол со ножички.

Кај Пеп забрането е рогачката

Со головите на Халанд, Нико и Доку, Манчестер Сити му го нанесе петтиот пораз на Ливерпул по 11 меча во Премиер лигата. Погледнете како и од каде почна акцијата први првиот гол. Ова се вика војничка дисциплина.

Спектаклот Бока - Ривер 2:0 на „Бомбонера“

Големото Суперкласико, дербито меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт го добија домаќините со 2-0 пред преполни трибини и со шоу од навивачите.

Еврогол со ножички на фудбалерот кој не се снајде во Барселона

Во 33. коло од бразилската Серија А, лидерот Палмеирас се лизна на гости кај четвртиот Мирасол и изгуби 2-1. Поради тоа Фламенго со победа ги стигна на табела и сега имаат по 68 бода на неколку кола до крајот. Домаќините повеле во 2' минута, а Витор Роке кој отиде во Барселона ама таму не се снајде па се врати дома во Бразил, израмни со прекрасни ножички.

Цела Бенфика се држеше за глава поради автоголов

Бенфика помина многу лошо ова коло. Имаше водство против Каза Пиа од 2:0 до 65 минута, потоа гостите промашија пенал, кој на чуден начин се претвори во автогол. Во 91-ва минута 2:2. Штета што ја нема реакцијата на Мурињо.

Желбата на Ѓоковиќ за крајот на кариерата

Често го чепкаат изминативе пар за години за пензионирање, тема која не му е воопшто омилена. Ќе ви стане јасно зошто откако ќе го изгледате видеово.

Кој ти е овој брејк поен на 38 години?

Ако некој прашува што прави и каде е Новак, тој е во Атина, каде го освои трофејот број 101 во кариерата, откако во АТП финалето беше подобар од Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1. Да погледнеме едно клипче од дуелот.

101-ва титула во кариерата за Ѓоковиќ, бурно ја прослави

Најдобриот светски тенисер на сите времиња не само што уште игра во врвна форма туку уште освојува трофеи. Во АТП финалето на турнирот во Атина синоќа го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1 во сетови и стигна до неверојатен 101. трофеј во кариерата!