Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Ова не е гол, ова е уметност

Ако треба да се избере најјакиот гол за овој викенд, прво треба да се погледнете овој во Мароко, па потоа да се прогласи победникот. Анас Серат од Рабат на мечот против Раџа Казабланка изведе докторско ремек дело.

Конечно и Челси победи некого

Повеќе од 30.000 навивачи на Челси еуфорично го прославија голот на капитенот Енцо Фернандес во полуфинале на ФА Куп против Лидс Јунајтед на преполн „Вембли“ во Лондон. Сините славеа 1-0 и одат во финале каде ги чека моќниот Сити на Пеп Гвардиола.

Параглајдерист во Охрид ја промаши целта

Параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи, за малку ќе покосеше луѓе откако леташе многу ниско на пешачка зона во Охрид. На едната страна на видеото се гледа жена со дете, на другата двајца пензионери. На крај го погоди столбот со улично осветлување.

Марко Ролс Ројс

Легендарниот германски фудбалер Марко Ројс кој беше синоним за Борусија Дортмунд, капитен на овој клуб и еден од најдобрите стрелци со бројни настапи, замина за САД. Игра во Лос Анџелес Галакси. Синоќа им донесе победа против Солт Лејк со два гола. Еден маестрален од слободен удар, другиот од пенал.

15 години од едно соло ремек дело на Меси на Ел Класико

Џабе во одбрана е Рамос, а на гол е Касиљас. Не менува кој е позади, кога тој ќе реши да тргне. Четворица ги прескокна, како на видео игра. Неверојатна глетка.

Некој опасно го наместил коментаторов

Некогашниот фудбалер на Порто и сега стручен коментатор на португалска телевизија Жорж Амарал имал смешна епизода во студиото кога од телефонот му заѕвонела мелодија од еден познат порно сајт.

Јапонска корнер шема за заборав

Ал Ахли ја освои азиската Лига на шампиони откако во финале ја совлада Макида Зелвиа од Јапонија со 1:0. Имаа поразениве нешто специјално извежбано на тренинг кога ќе добијат корнер или немаа? Дај викнете доктор.

Фантастичен настап на Вембанјама, се врати со стил за нова победа

Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.

Митко Стојковски пречекан со Ѓурѓевдан на Маракана

Легендарниот македонски репрезентативец Митко Стојковски играше во четири екипи, во четири земји: Пелистер, Црвена Ѕвезда, Овиедо и Штутгарт. Најдолго остана во Белград, каде во периодот 1991-1995 освои две титули и два Купа. На вечното градско дерби број 100 даде гол и беше просласен за играч на мечот. Се одигра на Ѓурѓевдан, на 6 мај 1995-та. Викендов беше гостин на 179-то дерби на кое Црвена Ѕвезда го совлада Партизан со 3:0 и ја осигура титулата.

Дрзок боксерски испад на голманот на Сарагоса

Хуеска и Сарагоса се борат за опстанок во втората шпанска лига, а крајот беше борба во вистинска смисла. Голманот на Сарагоса доби црвен картон во судиско, а потоа му се споија жичките и му влезе со бокс на еден од противничките играчи. Се очекува ова да му е последен меч за сезонава.

Кој си го фати негов си е

Фудбалер на Фенербахче се обиде да и даде дресот на жена му. Добар план, катастрофална реализација која елегантно и зад камери, можел да ја реши дома.

Фудбалер на Ајакс го повтори славниот гол на Ибрахимовиќ

Ајакс славеше 0-2 синоќа против НАК Бреда а Мика Готдс постигна прекрасен гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ на времето. Интересно и Ибра го даде тој фамозен гол баш против истиот ривал НАК Бреда.

Еврогол на Македонецот Митровски во Словенија

Во мини дербито на словенечкиот фудбал меѓу Копер и Олимпија, домашните славеа 3-2 а најубавиот од сите пет погодоци беше дело на македонскиот фудбалер Димитар Митровски од слободен удар во 71' минута.

Некој ми го смалил голот?

Веројатно го имаме промашувањето на сезонава, бидејќи ова е најчистата ситуација еден на еден. Од едната страна Саид Eл Mала, од другата празен гол. Се случи на дуелот Келн - Баер Леверкузен 1:2. За 19 годишното крило на Келн, кој важи за голем талент, се крчка трансфер токму во Баер за сума од 35 милиони евра. Не веруваме дека ќе го повтори ова, затоа што се случува еднаш во кариера.

Денвер пак изгуби, Јокиќ направи хаос на паркетот

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Магична одбрана на Столе Димитриевски за која се зборува во Шпанија

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски е јунакот на Валенсија во триумфот над Жирона 2-1 затоа што имаше вонсериска, неверојатна интервенција во последните секунди од натпреварот и го одбрани водството на домаќинот.

Коментар на сезоната кој го отсликува менталитетот на Арсенал

Веќе традиционално, кога се наближува крајот на сезоната, колку и да му оди добро, Арсенал не е Арсенал, ако не ја уплеска. Манчестер Сити им ја зеде лидерската позиција на само 4 кола до крај. Со други зборови, првиот коментар кажува сè.

Ѓоковиќ се сретна со новинарот кој го расплака во Париз

На доделувањето на наградите „Лауреус“ во Мадрид, Новак Ѓоковиќ имаше средба со шпанскиот новинар, кој по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз, му покажа фотографија од почетоците во Копаоник со рекет в рака. „Немој пак да ме расплачеш“, рече Србинот.

Хулк се запозна со највозрасната навивачка на Атлетико Минеиро

Атлетико Минеиро синоќа играл прв натпревар од 5. коло во Купот на Бразил и победил пред Сеара во дуел кој ќе има и реванш. Ветеранот Хулк и подарил дрес и ја израдувал највозрасната навивачка на Алетико Минеиро на возраст од 95 години.

А сте слушнале за трки во рикверц?

Во Холандија во '80-те години се одржувале масовно посетени трки на кои возачите возеле во рикверц наназад. Со коментатори, со студија, со предвидувања...

Куп натпревар на една ливада во Перу

Фудбалерите на Себољитас и Емпреса Комунал од Макари се сретнале во раната фаза од Купот на Перу каде играат илјадници клубови од целата земја. На секакви терени. Овој е посебно добар терен, на стадионот кој се вика „Тупак Амару де Сикуани“

Пиро-шоу во Штутгарт

Пред околу 60.000 гледачи Штутгарт на својот прекрасен стадион „МХПАрена“ го пречeка Фрајбург во полуфинале на германскиот Куп. Гостите први поведоа преку Максимилијан Егештејн во 28' минута, а домаќините израмнија преку Дениз Ундав во 70-та минута. Во продолженија Тиаго Томас постигна победнички гол за 2-1 во 119-та минута. Штутгарт ќе игра во финале против Баерн Минхен кој во средата го совлада Леверкузен на гости 0-2.

Во моментов карта за финале на Светско првенство се движи околу 2 милиони долари

Реномираниот британски Скај Њуз денес пишува дека на официјалната страница на ФИФА за препродажба и размена на влезници, за натпреварот во финалето предвиден за 19-ти јули во Њу Џерси, четири карти се продавале по вртоглави суми.

Што им значи 24 април на Црвена Ѕвезда?

Цел живот ќе се навраќаат на овој датум, додека постојат. Затоа што на Маракана им дојде Баерн кој доби клоца во газ. 24 април, 1991-ва. Ноќ за паметење обоена со црвена боја и емотивно прераскажана со легендарната „Небо се отворило“. Конечните 2:2 значеа пласман во финале во КЕШ. Останатото е историја.