Offside

Сакавме уште во наслов да напишеме „ритрн“, ама ќе има лајачи на ФБ, дека не сме пишувале на македонски. А ритрн е и никако поинаку со тениски речник. Ѓоковиќ е на три меча до 25-ти Гренд слем во кариерата.

Голманска лудост низ нозе

Брентфорд со високи 7-2 го попари Виком Вондерерс во Чемпионшип и со меч помалку е трет со 48 бода на патот кон Премиер лига. Голманот на домаќинот Давид Раја си поигруваше при резултат 4-2 во 75' минута.

Нов кунг фу потег на Златан со кој даде гол

Само Златан Ибрахимовиќ дава ваков тип на голови и никој друг. Внимавајте добро до каде ја крева ногата, скоро до пречка.

Што беше синоќа со Никола Јокиќ?

Српскиот центар игра неверојатна сезона, а синоќа против Јута го израмни личниот рекорд со 47 поени од кои дури 22 во првата четвртина. Јокиќ во триумфот на Денвер против Јута 128-117 имаше и 12 скока за 20-ти дабл-дабл по ред, 5 асистенции и 2 украдени топки.

И Меси и Суарез со еврогол од слободен, не се знае кој беше појак

Прекрасни погодоци од големите другари само во различни дресови. Суарез и натаму докажува дека е најдобар шпиц во лигата, а Меси дека Барса без него не би можела. Какви легенди!

Велеслалом на Елмас, цела одбрана ја изработи

Бисерот на македонската фудбалската репрезентација блесна со соло акција во дресот на Наполи. Џенаро Гатузо веројатно почнува да сфаќа дека играч од таков калибарот не е за на клупа.

Облекувај се бе, народ гледа

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу настапи за Фехервар во унгарскиот шампионат, ама со учкур на шорцевите за разлика од неговиот соиграч, кој толку беше упорен што до шанса за гол стаса. Циркуз.

Турција ли е ова или Кратово?

Аланијаспор и Сиваспор уживаа во прецизната пас игра слично како Струга и Силекс зимово. Тој во барата од што е свесен ќе му заглави топката, фати да ја жонглира, ама пак ја заеба, па потоа и тој после него и така...

Асистенција на Барди за капитулација на Реал среде Мадрид

Енис Барди се врати по долгата пауза поради повреда на извонреден начин. Во рок од пет дена се истакна со мангупски гол од слободен удар вреден победа против Ваљадолид, а потоа при резултат 1:1 ја даде клучната асистенција за големи 3 бода на Бернабеу.

Висока му ја нафрли, инаку ќе ја дадеше

Тоа е таа маестрална и пред сè многу динамична акција во која ќе забележите дека шпицот сам ја побара на ножички.

Положување за победа за кое нема објаснување

Кошаркарот на Перт, Џеси Вагстаф на секунда пред крајот од мечот со Саутист Мелбурн имаше пенал за победа. Доби добра асистенција и сам тргна на положување за триумф. Ама...

Еден од најјаките голови во историјата на Баерн

Штутгарт - Баерн Минхен. Се игра 93-та минута, резултат е 1:1 и кога во еден момент Рафиња непречен од никого, се мести да центрира во шеснаесетник. Тијаго Алкантара ја зема топкава на волеј, ама мислиш Пеле е тоа. Точно 7 години поминаа од ова ремек дело.

Дибиров: Да ми понуди некој трофеј во ЛШ со Вардар и пак без плата, би прифатил

„Чувството на таа титула во Келн не може да се плати со ниту едни пари. Тој адреналин, таа група на луѓе родени победници за кои топката е живот. Многу ни беше тешко, имаше моменти кога некој од нас ќе полудеше, но се исклучуваме од сè друго и останавме тука еден за друг“.

Номинации од Шекил за циркус на неделата

Во својата емисија Shaqtin' A Fool на ТНТ, Шекил секојдневно објавува нови комични моменти од паркетите во НБА, а редовно и номинира кандидати за циркус на неделата.

Го имаме волејот на годината во футсал

Белгија vs Финска. Тргнете се подобро, бидејќи ако ве удрам ќе боли ова.

54-годишниот Јапонец кој од 1994-та брка гол за вечен рекорд

Казујоши Миура на 26 февруари наполни 54 години. Ја игра 36-та сезона по ред како професионален фудбалер, 17-та по ред со неговата Јокохама. Стана рекордер како највозрасен фудбалер на светот, а сега брка еден рекорд поставен пред 27 години од легендарниот Зико.

Британски политичари бараат санкции за Абрамович и Усманов од Евертон

Опозициските политичари во британскиот парламент бараат од тамошната влада итни санкции за двајцата руски милијардери, сопственици на премиерлигаши.

Како Касано се здебелил 14 кила за 7 месеци во Реал Мадрид

Црепот директно од тегла ја дробел нутелата, а му се пружи шанса да заигра во друштво со Зидан, Раул, Роналдо, Бекам, Карлос...

Шоу на Столе без да гледа кон гол

Вардар им се врати на победите и ја совлада Војводина со 25:21 во меч од СЕХА лигата. Капитенот Стоилов уште неодморен од Мундијалот во Египет, се истакна со неговата препознатлива шрауба, секогаш атрактивна за око.

Штосниот гол на Калиду Кулибали

Наполи лесно се пласираше во полуфинале на италијанскиот Куп откако со 4-2 ја преслуша Специја. Освен Елмас, стрелец на гол за домашните беше и стоперот Кулибали и тоа како прав голгетер.

Убиствена контра на Инсиње со одличен финиш на Елмас

Наполитанците не и дадоа да писне на Специја во Купот и уште во прво полувреме и ја наполнија со 4 парчиња, што значи закажано е веќе полуфиналето со Аталанта. На листата на стрелци се запиша и Елиф Елмас кој го докрајчи противникот со убав лоб.

Кој знае, можеби ќе се пензионирам на 65 години

Нема кој не му честиташе роденден денеска на Џиџи кој со 43, сега го брка рекордот на Марко Балота кој бранеше за Лацио до 44 години. Твитер профилите се полни со негови паради, бројки и разни мигови од неговата па скоро три децениска богата кариера.

Дефанзивци ли се овие на Јунајтед или статисти?

Првиот на табела во Премиер лига загуби од последниот или во превод Манчестер Јунајтед - Шефилд Јунајтед 1:2. Во моментот на постигнување на голот вреден триумф за гостите, инаку втор по 20 кола, во шеснаесетник има 8 играчи на Манчестер, 4 на Шефилд.

Цела вечност откако ја загуби топката реши да глуми

Нема спас од ова талентиве кои на сите камери, технологии и ВАР соби не престанаа со театралности кои не им поминуваат. Напротив, служат за потсмев. Погледнете го несреќников на Рајо, го скрши вратот да види каде е топката и кога сфати дека ја загуби се фати за нос.

Нерѓосувачкиот Џиџи Буфон

Медиумите веќе не знаат како да го опишат, а Газета излезе токму со насловот кој го читате „Нерѓосувачкиот Џиџи“. Синоќа против Спал се појави со капитенската лента, денеска му е роденден, полни 43 години и постојат реални шанси да стане најдолговечен во историјата на италијанскиот фудбал.